Сабјеросигурување: Во 2021ва повеќе ќе се исплати да се биде хакер отколку дилер

0 0
Read Time:4 Minute, 32 Second

Како што светот забрзано се дигитализира така сајбер заканите стануваат се понескротлив ѕвер. Во 2021ва повеќе ќе се исплати да се биде хакер отколку дилер. Тогаш се очекува сумата на штетите од сајбер нападите да биде над 25 милијарди долари. Тоа е повеќе од глобалната илегална трговија со наркотици. Сајбер осигурување треба да е еден од начините за намалување на сајбер ризикот. Сепак се чини дека осигурителите во моментов како да стојат со пипета пред шумски пожар. Што значи ова за нас?

Дали сами со го бараме?

Џорџ Орвел во книгата “1984” ја предвиде дистописката иднина во која државите ги контролираат своите граѓани преку постојано набљудување. Седумдесет години по објавувањето на “1984” ние извршивме комплетна капитулација на сопствената приватност и тоа доброволно.

Дочекувањето на новиот милениум не беше радосен колку што би очекувале генерациите кои не се запознаени со Y2K. Тогаш стравувавме дека поради големата дигитализација евентуалните компјутерски пропусти можат да не чинат комплетно урнување на цивилизираниот свет.

Дека денеска живееме во ултра дигитален свет ме увери фотографијата објавена од нашиот Митко Цабевски на која просачи во Шангај покажуваат дека прифаќаат наплати преку WeChat:

Иако бевме многу зависни и пред 2000та вистинската зависност се случи пред 10 години кога Стив Џобс го представи Ајфонот а Нокиа стана најмасовниот производител на камери. Во последната декада смартфоните да ја превземат улогата на Големиот брат кој не следи т.е. со кој што си се самоследиме.

Ги допираме нашите смартфони во просек по 2,617 пати дневно. Тоа предизвикува производството на лични податоци да експлодира. Во 2015та година човештвото произведе повеќе фотографии отколку вкупно во сите години претходно. Предвидувањата се дека до 2020 просечен интернет корисник ќе произведе над 5,200 GB податоци.

Што значи ова за безбедноста?

Сајбер безбедноста никогаш не била на пониско ниво. Но како што вели Марфиевиот закон – не треба да се тревожиме, ќе биде полошо. Се проценува дека штетите од сајбер напади ќе чинат 6 трилиони долари годишно до 2021.

Каква е ситуацијата во Македонија? Во дискусии на фејсбук групата “Сојузен комитет на програмери” се посочуваат многу веб страници на популарни македонски огласници, онлајн продавници и образовни институции кои чуваат не-енкриптирани лозинки.

Доколку страница која не ги енкриптира лозинките биде нападната (или некој од вработените реши да си се забавува) значителен дел од македонските интернет корисници би биле изложени на оргомен ризик. Можеби не делува страшно доколку ви ја дознаат лозинката од pazar3.mk но 70% од корисниците користат иста лозинка на повеќе страници. Тука започнуваат главоболките.

Падот на антивирусите

Според ponemon institute во 2017та, 77% од успешните напади користеле техники во кои што корисниците не симнувале малициозен .exe фајл на својот компјутер. 54% од испитаните компании во САД биле цел на сајбер напад. Не сите напади биле успешни но просечен успешен напад чинел над 5 милиони долари.

Растот на нападите кои што не користат егзекутивен фајл значи и намалување на значењето на антивирусите. Не дека не се потребни но со менувањето на тактиките на напаѓачите тие се помалку ќе можат да не штитат. Со исцрпувањето на едноставните решенија како антивирусите се очекува малите компании да се вртат се повеќе кон сајбер осигурување.

Колкав е импактот од сајбернападите?

Нападите стануваат поевтини и подостапни. Па така генерал мајорот на германската авијација Анскар Рикс сподели дека во вежба хакери успеале да превземат контрола над воен авион со опрема која што чини само 5,000$.

2017та ја одбележа wannacry нападот кој зароби податоци од 300,000 компјутери и бараше пари за нивно ослободување.

Иако wannacry беше огромен проблем сепак наградата за најголема сајбер трагедија во минатата година ја понесе Equifax. Од агенцијата за проценка на кредитниот рејтинг протекоа лични податоци за скоро половина американско население.

Ова придонесе Gartner да предвиди раст од 8% на буџетот на комапниите во секторот на сајбер безбедноста. Тоа ќе донесе и зголемувае на буџетот за сајбер осигурување. Осигурителниот гигант Алијанц во меѓувреме ги класифицираше сајбернападите во топ 3 најголеми закани за бизнисите. Не е далеку денот кога ќе станат број еден.

До каде е Македонија?

Во Македонија неодамна излезе текстот на предлог стратегија за сајбер безбедност. Наскоро се очекува и формирање на Национален совет за сајбербезбедност. Сепак нацрт текстот на стратегијата не може да се каже дека изобилува со истражувања за македонскиот интернет простор. Тоа не наведува на прашањето дали стратегија која што не се базира на темелно истражување може да биде ефективна? Сепак се работи за нацрт стратегија па да се надеваме на подетални анализи во завршниот текст.

Воведувањето на нови производи во осигурувањето во Македонија не се случува во високо темпо.  Сајбер осигурување е комплексна класа па не се ни очекува вакви полиси да бидат понудени до широката бизнис заедница наскоро. Во соседството Босна Ре има само една ваква полиса во свото портфолио.

Што значи ова за осигурителната индустрија?

Сајбер-осигурувањето стана еден од најбрзо растечките пазари во САД. Во 2017 година, премиите за сајбер осигурување во САД се зголемиле за 54% на 2.1 милјарди долари. Се очекува дека премиите до 2025 ќе пораснат на 25 милијарди долари. Во Европа пак се очекува да биде постигната сума од 800 милиони евра за 2018.

Aon вели дека нејзините сајбер – продажби во Европа пораснале за 25% во 2017 година, припишувајќи го тоа воглавно на зголемување на нови клиенти. Сепак Aon пристапуваат многу внимателно во реосигурувањето на сајбер нападите. Тоа може да се увиди по фактот што 95% од реосигурителните договори им се квотни, воглавно со само 20-30% учество во покривање на штетата.

Happy
Happy
50 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleppy
Sleppy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
50 %