
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Македонија. За тоа да се оствари Халк Осигурување има потреба од:
Референт за прием во осигурување во Генерална дирекција
- Основни работни обврски
Референтот за прием во осигурување врши истражување на пазарот на осигурување, учествува во утврдувањето на ризици при прием во осигурување, учествува во изработка на Услови и Тарифи за осигурување како и промена на постоечките, изготвува понуди за осигурување и врши посета на клиенти, дава поддршка и ја обучува агентската мрежа во однос на осигурувањето, врши анализи и предлага мерки за подобрување на техничките резултати, врши други активности за развој на осигурувањето во Друштвото.
- Потребни квалификации и карактеристики:
- Универзитетска диплома;
- Најмалку 5 години работно искуство во осигурување;
- Добро познавање на деловната осигурителна политика во Р. Северна Македонија;
- Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;
- Ориентираност кон клиенти;
- Одлични комуникациски вештини;
- Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;
- Способност за тимска работа;
- Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми.
Доколку сакате да станете дел од Halk Insurance, испратете CV и мотивационо писмо на: career@halkinsurance.com.mk, со назнака “Оглас за вработување на Референт за прием во осигурување”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Напомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.