
Еуростандард банка стана број 12 во списокот на затворени банки и штедилници од осамостојувањето на Македонија.
Вкупната обврска на Фондот за осигурување на депозити за обесштетување од претходните единаесет пропаднати акционерски друштва изнесува 24 милиони евра.
Од 1997 година до јули минатата година се обесштетени вкупно 20,073 штедачи во вкупен износ од 1,3 милијарди денари (22,3 милиони евра) што претставува 90,2% исплатени обврски од Фондот за обесштетување кон штедачите.

Останатите 9,8% претставуваат обврска за обесштетување во вкупен износ од 2,4 милиони евра кон 101.878 штедачи кои не го оствариле своето право на обесштетување од Фондот.
Останатите 9,8% претставуваат обврска за обесштетување во вкупен износ од 149,9 милиони денари (2,4 милиони евра) кон 101.878 штедачи кои од лични причини не го оствариле своето право на обесштетување од Фондот.