
Најголемата осигурителна компанија во Македонија – Триглав осигурување е во комплетна сопственост на словенската Заваровалница Триглав.
На 18ти август Заваровалница Триглав имаше промена на раководните позиции во надзорниот одбор. Со промените Андреј Андољшек е именуван за претседател на Надзорнот одбор, поради престанок на мандатот на претходниот претседател на Надзорниот одбор.
Андошљек има богато менаџерско искуство зад себе. Во моментов е воедно е и извршен директор на Адико банка а во минатото бил и во менаџерскиот тим на Сава Осигурување во Словенија и претседател на управниот одбор на Горењска банка.