14,1 % раст на платите во осигурителниот сектор

0 0
Read Time:1 Minute, 12 Second

Според Државниот завод за статистика најголем раст на платите во Македонија се бележи во банкарскиот сектор. Платите на банкарите во јуни се зголемени за 23% во однос на 2019та. Просекот на банкарските плати во јуни бил 54.276 МКД со што банкарите се втори најплатени професионалци во земјава. 

Највисокитете плати очкеувано се исплаќаат во IT секторот, каде просечната бруто плата извнесува 65.536 МКД.

Платите во фармацевското производство се на трето место со бруто просечна плата од 50.557 МКД. Во најдобро платените професии спаѓаат и рударскиот сектор со 41.336 МКД како и осигурувањето и пензиските фондови со 40.784 МКД.

„Зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,7 %), Рударство и вадење на камен (15,2 %) и Образование (12,6 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1 %), Рударство и вадење на камен (6,3 %) и Стручни, научни и технички дејности (4,3 %)“ – според соопштението од Државниот завод за статистика.

Во јуни годинава во државата најниски нето плати примале вработените во објекти за сместување, во туристичките агенции и кожарскиот сектор.  Тие земале плати нешто над 15.000 или 16.000 денари.

Просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари, што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 %. 

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleppy
Sleppy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %