Дали вашиот ризик е реосигуран? Во компанија и со каков рејтинг?

0 0
Read Time:5 Minute, 44 Second

Реосигурувањето претставува осигурување на осигурителната компанија. Законски осигурителните компаниите мораат да имаат покритие за ризиците кои што ги преземаат.

Осигурителните компании во текот на годината пред да зпочнат со деловно работење треба да  усвојат  програма  за  планирано  реосигурување. За да се предвиди и регулира колкаво покритие компаниите мораат да имаат постои посебна област во математиката – актуарство.

Ваквите математичари специјалисти т.н. Актуари се лиценцирани лица  во осигурителните компании кои што ги пресметуваат ризиците. Тие сметаат колку штети по број и волумен можат да се очекуваат следната година за секој тип на ризик т.е. класа на ризик. 

Врз основа на овие пресметки и капиталот со кој што располага компанијата се изготвува документ кој се нарекува лимит на максимални покритија.

Осигурителната компанија  составува  Табела  на  максимално  покритие  која  ги  содржи  износите  на  максимален  самопридржај (задржан ризик) и износите на максимално покритие од по одделни класи на осигурување, односно одделни ризици во рамките на класите на осигурување. Друштвото  мора  да  го  реосигура  делот  од  преземените  ризици  кој  го  надминува неговиот максимален самопридржај(задржан ризик), согласно Табелата за максимално покритие.

Основата за одредување на износот на максимална можна штета, во општ случај, треба да  биде 100%‐ен износ од осигурената сума – целосна штета. Помал процент може да се примени во  исклучителни случаи, но само ако биде придружено со доволна аргументација која ќе ја прифати надзорниот орган.

За да го прегледа Табелата на максимални покритија, да ги постави стандардите во индустријата постои надзорно тело врши. Во некои држави тоа се народните банки а во Македонија тоа е Агенцијата за Супервизија на Осигурувањето.

Реосигурувањето претставува пренесување на остатокот од ризикот т.е. делот кој што компанијата ќе реши да не го задржи. Предавањето на ризик се нарекува цесија, додека задржувањето се нарекува самопридржај (retention). Исто како што и крајните корисници плаќаат за осигурителната компанија да го сервисира нивниот ризик, така и осигурителните плаќаат на реосигурителните.

Реосигурувањето му овозможува на осигурителот да го зголеми капацитетот на преземање ризик. Практично осигурителната компанија која што ќе склучи нов договор за реосигурување законски си го зголемува капацитетот и може да продолжи да продава осигурителни полиси.

Исто како и осигурувањето и реосигурувањето е високо регулирана гранка. Па така и реосигурителот го утврдува сопствениот капацитет на носење ризик.

Тоа значи дека кога ќе се случи реосигурителната компанија да прими ризици над својот капаците, таа ги предава ризиците на друг реосигурител. Реосигурувње на реосигурител се нарекува ретроцесија. Ретроцесијата е многу честа кај осигурување на големи ризици. На пример осигурителна полиса за сите полицајци во Македонија.

Најчесто при посредување на вакви ретроцесии, како и при склучувањето на договор меѓу осигурителни и реосигурителни компании постојат реосигурителни брокери.

Постојат и случаи кога комплетниот ризик се реосигурува и кога основната осигурителна компанија не задржува ниту еден дел од истиот. Тие случаи се нарекуваат фронтинг.

Договорот за реосигурување претставува најважен документ во реосигурителните активности со кој се регулираат правните односи помеѓу осигурителот и реосигурителот. Од договорот произлегуваат економски последици за наведените договорни страни.

Постојат два типа на реосигурителни договори – трити (treaty) и поединечни (факултативни). Трити се договорите кои што се склучуваат за подолг период (најчесто година) и го опфаќаат целокупното работење на осигурителните компании. Тие подразбираат долгорочна соработка во која се опфаќаат многу полиси.

Доколку се случи компанијата да добие можност да продаде осигурителни полиси за ризици кои  го надминуваат износите во Табелата на максималното  покритие, осигурителната компанија мора да обезбеди дополнителни факултативни  договори  за  реосигурување. Факултативните договори се еднократни договори за конкретен ризик. Кај поединечните (факултативни) договори осигурителот пренесува одреден предмет во покритие на реосигурителот (стока, градежен објект, брод, авион и сл.) по оригинални или по посебни услови на осигурување. Недостатокот на ваквите договори е во тоа што за да се добие факултативно покритие е потребно време таквото реосигурително покритие да се добие на реосигурителниот пазар, што во ситуации на итност може да му оневозможи на осигурителот да прифати одреден ризик, односно да прими во осигурување одреден предмет чија вредност го надминува капацитетот на осигурителот. Постојат и други причини за вакви осигурувања. Доколку реосигурителот не е специјализиран за одредена класа на осигурување а треба да се осигура одреден голем ризик – пример Падобрански куп во Крушево или црквата св. Софија во Охрид. Затоа се бара реосигурителна компанија која што е специјализирана за одреден тип на ризици – пр. цркви.

Трити договорот пак обично се склучува на една година, при што се прецизираат сите елементи во поглед на предавање на одредени предмети и ризици во реосигурување, со услови на покритие, лимити на одговорност на реосигурителот, самопридржајот на осигурителот, провизија и сл. На тој начин осигурителот има автоматско покритие за своите ризици кои се предвидени со општиот договор. Реосигурителот му одобрува на осигурителот провизија од примените премии која служи за покривање на неговите трошоци. Може да се договори и профитна провизија што значи дека реосигурителот му дава дел од остварениот профит и на осигурителот. Со тоа го стимулира да води грижа за ризиците, односно за резултатите. Уште едно важно прашање се регулира со договорот, а тоа е прашањето на ликвидирање на штетите.

Историја на осигурувањето

Првата пишана трага за пишан осигурителен договор меѓу две страни датира – 12 јули 1370 година. Сепак прв пат да се спомене реосигурување како термин (“rasichurare” на италијански) се случило во Фиренца на 19ти февруари 1457.

Со развојот на статистичката наука во текот на 17тиот и 18тиот век за која што особен придонес има математичарот Ферма, осигурувањето добило научна основа. Со тоа се отвориле вратите тоа да не биде кладење врз основа на чуство туку предвидување врз основа на бројки. Тоа овозможило осигурителниит бизнис да се развие во многу различни области и да покрие многу поголем број на осигурителни ризици. Како најголем удел при развојот на осигурувањето било масовната појава на пожарно осигурување. Првите полиси за противпожарно осигурување се јавуваат по големиот пожар во Лондон во 1666.

Осигурителните компании кои што биле успешни во продажбата имале проблем што тие најчесто поради еден штетен настан ќе треба да обесштетуваат повеќе полиси. За да се направи географска дисперзија на ризикот т.е. да осигуруваат полиси во различни области осигуртиелните компании почнале да склучуваат договори за со-осигурување т.е. взаемно преземање на ризиците.

Со тоа се отворила можноста и за појавата на специјализирани реосигурителни компании кои не би се занимавале со продажба на крајни корисници туку би се фокусирале само на опслужување на ризици од различни краишта.

Првата компанија за реосигурување е формирана во Хамбург во 1842 година. Тоа е Cologne Reinsurance Company.

Кредитните рејтинзи на македонските осигурителни компании

https://www.thebalance.com/what-is-an-a-rated-insurance-company-and-why-does-it-matter-4065596
https://www.sava-re.si/en/investors/financial-information/credit-rating/
http://www.triglav.eu/en/investors/shares/rating/
https://www.halkbank.com.tr/en/investor-relations/53/ratings?AspxAutoDetectCookieSupport=1
Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleppy
Sleppy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %