Што е Stornest? Новиот македонски дигитален производ

0 0
Read Time:1 Minute, 13 Second

Stornest е првиот продукт на нашиот пазар кој нуди комплетно решение за нашето лично дигитално наследство. Stornest ги премостува нашите дигитални грижи кога ние не сме достапни. 

Се работи за дигитален сеф во кој што можеме да ги оставиме сите наши важни документи и информации од било кој формат. Доколку имаме некоја непријатна случка во животот тие се споделуваат со нашите најблиски по предодредени правила. Сето тоа е умно смислено преку механизам за проверка на нашата достапност. Механизмот испраќа SMS, email и автоматски телефонски повици. Доколку не враќаме на неколку канали паметниот алгоритам на Stornest ја алармира нашата платформа која што проверува што ни се случило. Доколку се исполнети условите, клучот од дигиталниот сеф се споделува со најблиските. Тоа можат да бидат лозинки од дигитални платформи, социјални мрежи, е-банкинг услуги како и документи од било кој формат (тестаменти, имотни листови, хартии од вредност, полиси за осигурување и тн.). Секако сите податоци се безбедни преку највисок степен на енкрипција. Откако ќе ги поставиме можеме да сме безгрижни за нашето дигитално наследство.

Од кога оваа услуга ќе биде достапна во Македонија?

Услугата е веќе достапна за ограничен број на корисници од Македонија. Официјалниот старт ќе виде во април кога ќе биде официјалното лансирање за нашата земја. Тогаш сите заинтересирани ќе можат да ги искористат благодетите на Stornest. 

Екслузивно имаме изненадување за читателите на bitsofinsurance.com доколку ни испратат порака на support@stornest.com и ја внесат нашата земја како земја на престој.

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleppy
Sleppy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %