4 типови на осигурување што му се потребни на секого

0 0
Read Time:2 Minute, 46 Second

Иако не можеме да го спречиме неочекуваното, понекогаш можеме да добиеме заштита. Осигурувањето нè штити, и ги намалува нашите грижи при немили настани. 

Постојат бројни опции за осигурување – можете да се осигурате против киднапирање од вонземјани, можете да го осигурате вашиот дрон или ако сте инстаграм инфлуенсер дел од вашето тело. Сепак кога е премногу? Како да го направите балансот меѓу безгрижноста што осигурувањето ја нуди а сепак да не преплатите?

Купувањето на вистинскиот вид на осигурување за точен износ секогаш се одредува според вашата специфична ситуација. Фактори како што се децата, возраста, начинот на живот и професијата играат улога кога се гради вашето портфолиото за осигурување. Постојат четири типа на осигурување што bitsofinsurance препорачува: животно, здравствено и дополнително здравствено, авто-одговорност и долгорочна попреченост.

Осигурување на живот

Најголемите придобивки од животното осигурување ја вклучуваат можноста да ги покриете вашите трошоци за погреб и да ги обезбедите оние што ги оставате зад себе. Ова е особено важно ако имате семејство кое зависи од вашата плата за да ги плати сметките и да продолжи да се развива без товар доколку еден миг вашиот допринос го снема. Добро е полисата за животно осигурување да покрива 10 пати повеќе од вашиот годишен приход.

Но сумата на ваквата полиса не секој не може да си ја дозволи.

Почетно правило е кредитите кои што ги земате да бидат осигурани со т.н. банко-животно осигурување. Потоа можете да се погрижите за осигурување на неподмирени заеми, долг на кредитна картичка, даноци, грижа за деца и идни трошоци за факултет. Видовите осигурување на живот кои најчесто ги среќаваме во Македонија се:  Осигурување на живот во случај на смрт,  Осигурување на живот во случај на доживување,  Мешовито осигурување на живот,  Рентно осигурување.

Здравствено осигурување

Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита.

Видовите приватно здравствено осигурување кои најчесто ги среќаваме кај нас:

  • Осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување.
  • Осигурувањето на малигни заболувања.
  • Осигурувањето на операции

Авто осигурување

Сите правиме грешки при возењето, некогаш се без последици, некогаш за влакно избегнуваме незгода, но некои од нив се и најчестите причнинители за сообраќајни несреќи. Статистички скоро човек кој барем еднаш во својот живот ќе биде причинител, жртва или сведок на сообраќајна незгода, а за разлика од сите други епидемии на заразни болести никој нема вроден имунитет против сообраќајни незгоди, ниту пак може да биде вакциниран против нив.

Статистиката и бројките одат нагоре, секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди. Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај. Ако вие, патник или другиот возач се повреди во несреќа, авто-осигурувањето ќе ги покрие трошоците. 

Одредени авто-осигурителни полиси исто така го штитат вашето возило од кражба, вандализам или природна катастрофа. 

Долгорочно инвалидско осигурување 

Долгорочното инвалидско осигурување е дизајнирано да замени дел од вашиот приход кога попреченоста ќе дојде ненадејно, со исплата на бенефиции на подолг рок. 

Во зависност од полисата исплатите можат да продолжат додека не се достигне возраста за пензионирање. Како и да е дел од нашата бруто плата оди за инвалидско осигурување, затоа е добро доколку се купува дополнително да се искомбинира со државното.

За крај, тимот на bitsofinsurance знае дека понекогаш осигурувањето изгледа скапо, но немањето може да биде далеку поскапо.

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleppy
Sleppy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %