АСО сака да ги дефинира со подзаконски акт софтверските решенија во осигурувањето

0 0
Read Time:1 Minute, 0 Second

Aгенцијата за супервизија на осигурување и осигурителните друштва, на 16ти септември оддржаа работна средба во Стопанската Комора. Целта на средбата е предлог содржината на подзаконскиот акт  – Правилник за минималните стандарди на информациските системи во осигурителната индустрија.

Со Правилникот се пропишуваат стандарди кои ќе допринесат унапредување на работните процеси во друштвата за осигурување и поефикасно  управување со базите на информации и  податоци. Стандардите се однесуваат на  организациска поставеност на службата за информациски системи,  управување и инфраструктура  на службата за информациски системи, безбедноста и заштитата на податоците, управувањето со деловен континуитет на друштвата, управувањето со нови информатички технологии, обуки за вработените и др..

На средбата воведно обраќање имаше и претседателот на Советот на експерти, проф д-р Крсте Шајноски, кој истакна дека Агенцијата за супервизија на осигурување како супервизорски орган е заинтересирана за поставување на солидена рамка на информациски системи и функција на истите во друштвата за осигурување.  Воедно нагласи дека друштвата за осигурување како важни чинители на финансискиот пазар во земјата треба да располагаат со адекватен информациски систем кој е конзистентен со природата, комплексноста и ризичниот профил на Друштвата и кој е во состојба да се прилагоди на условите и опкружувањето во кое работат.

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleppy
Sleppy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %