Црна Гора: GRAWE ќе го откупи мнозинскиот пакет на акции во компанијата за неживотно осигурување SWISS

0 0
Read Time:1 Minute, 3 Second

Агенцијата за супервизија на осигурувањето во Црна Гора објави дека на 26ти Август, советот донел одлука за одобрвање на австриската група Austrian group GRAZER Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft да го откупи мнозинскиот пакет на SWISS Insurance Company AD Podgorica преку индиректна аквизиција во износ од 50%.

Во моментов мнозински сопственик е хотелската компанија FJORD од Котор со (~65%) која е во сопственост на ALPHA Invest company – каде доминантен сопственик е Веселин Баровиќ.

На пазарот во животното осигурување во Црна Гора тие имаат доминантна позиција во однос на трите конкуренти со бруто полисирана премија од 7.08 милиони евра во 2019, со учество на пазарот од 41.33%. SWISS осигурувњае е пак најмалото друштво за неживотно осигурување на пазарот во Црна гора со бруто полисирана премија од 6.63 милиони евра и 8.54% пазарен удел.

GRAWE работи на пазарот во Црна Гора од Септември 2004. А со овој потег не само што ја зацврстува својата позиција во Црна Гора туку и ја продолжува експанзијата на Балканот. Пример за тоа кај нас е преземањето на Еуролинк осигурување. Во 2017та го аквизираа Меркур осиурување за 1.39 милиони евра и ги преземаа преостанатиот удел од ATLAS life. Во Босна и Херцеговина го купија VGT osiguranje, ATOS osiguranje, и неодамна животното портфолио на DUNAV osiguranje.

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleppy
Sleppy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %