Како се судат во Русија сообраќајните незгоди со смртни последици?

0 0
Read Time:58 Second

На 8 јуни 2020 година во Москва, се случи тешка сообраќајна незгода со смртни последици по вина на великиот руски актер Михаил Ефремов.

Ефремов, управувајќи „џип гранд чероки“, изгубил контрола на своето возило и влетал во спротивна лента. Несреќата со смртни последици се случила во самиот центар на руската престолнина.

Делото е затворено и се чека апелациска постапка – Ефремов доби 8 години затвор и одземена му е возачката дозвола три години по излегувањето од затвор.

Она што е впечатливо е дека за 4 месеци делото е затворено и веќе е во апелација. Ова е блиску рускиот просек за процесирање на сообраќајни прекршоци. За контраст на ова имаме постапки во Македонија кои што се провлекуваат скоро пола деценија.

Во Русија за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот во 2019 година биле споведени 3.177 лица. Од нив казна затвор добиле вкупно 1.886 лица и тоа:

  •  до 1 година 202 лица 
  • од 1 до 2 години 778 лица
  • од 2 до 3 години 581 лице 
  • од 3 до 5 години 288 лица
  • од 5 до 8 години 36 лица
  • од 8 до 10 години едно лице

Извор: https://www.m24.ru/news/proisshestviya/09092020/132508

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleppy
Sleppy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %