buying essays online yahoo answers detailed outline of dissertation subject master thesis accounting application essay writing english

АСО со препорака – да не се распределува дивиденда

0 0
Read Time:45 Second

Неодамна советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување заклучи дека препораката субјектите на супервизија да се воздржат од распределба на добивката во форма на дивиденда или други бонуси спрема членови на органи на управување како и да се воздржат од трошење на средствата на друштвата на непродуктивни расходи, во периодот додека трае кризата, останува да важи.

Имено, со појавата на пандемијата поради COVID-19, Советот на експерти на Агенцијата, на седница одржана на 20 март 2020 година, усвои неколку заклучоци и препораки, меѓу кои и горенаведената препорака.

Имајќи ги предвид условите за работење и неизвесноста во развојот на пандемијата, како и присутните ризици по финансиското здравје на субјектите на супервизија, Агенцијата смета дека доколку друштвата за осигурување, и останатите акционерски друштва – субјекти на супервизијата, се придржуваат кон оваа препорака ќе ја зачуваат солвентноста и ќе бидат во подобра финансиска состојба да одговорат на непредливиот иден развој на ризиците.

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleppy
Sleppy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %