9 работи кои можеме да ги очекуваме во македонското осигурување во 2021ва

0 0
Read Time:6 Minute, 33 Second

Со најавата за кризен период до јуни 2020та се очекува дека и следната година економијата ќе се движи онолку колку што ќе дозволи кафезот на пандемијата. Во втората половина на годината веќе не очекуваат и локални избори кои што пак ќе значат забрзување на локалните инфраструктурни инвестиции во текот на летото. Со најавата за првите вакцини да бидат распределени во Русија и Германија во текот на декември можеме да очекуваме дека глобално економијата во текот на 2021ва пополека ќе се враќа на нивото од 2019та.

Во вакви услови интуитивно ни доаѓа мислата за успорување на осигурителната индустрија. Но 2020та воопшто не беше сива за осигурителната индустрија а 2021та се очекува да биде уште по живописна и плодоносна. Ова се нашите 9 предвидувања:

  1. Дополнително укрупнување на пазарот

Во текот на 2019та имавме 2 глобални компании кои што влегоа во локалниот пазар Халк и Граве (во неживот) со што се спасија две копмании од губење на лиценцата и се поедностави животот на нивните корисници. За ова голема улога имаше тогашниот претседател на АСО Климе Попоски. Во 2019та година и Генерали влезе преку купување на КД Фондови. Сепак Генерали направи медиумска најава со која што остави впечаток дека се дојдени во Македонија за нешто повеќе. Дали има понатаму простор за укрупнување на пазарот кај неживотното осигурување?

Кога ова прашање се поставува две компании ни доаѓаат на ум – Евроинс и АД Македонска полиса. Што ќе се случува ќе видиме…

  1. Првата сајбер осигурителна полиса во Македонија

Во текот на 2019 бевме сведоци на големиот испад на системот на Комерцијална банка. Тоа значеше дека многу комапнии и граѓани имаа прекин во своето секојдневно работење. Доколку тие беа осигурирани од овој ризик тоа ќе значеше голема осигурителна штета. Во минатото имавме и веб страници на државни институции кои редиректираа кон малвер. Многу различни сервери во мали и големи компании беа нападната и беше баран надомест за нивно враќање. Многумина од нашите сограѓани оставија податоци во лажната наградна игра “роденден на Визер”. Сите овие се различни видови на сајбер напади. Она што е интересно е дека најновите напади стануваат толку разновидни што просечниот граѓанин е се понезаштитен. Пополека треба да го поставиме прашањето дали сајбер култура треба да се воведе како предмет во основните училишта. Додека во минатата декада поголемиот број на напади беа преку симнување на фајл, сега нападите пополека преминуваат на повеќе различни методи. Дополнително имаме политички групи и држави кои што имаат свои сајбер одреди кои што вршат специјалиирани напади на клучни постројки. Македонија и македонските компании и институции се веќе одамна зрели во однос на сајбер ризиците кои ги носат.

Корона кризата направи значително забрзување на дигитализацијата. Апликацијата на Телеком е неколкукратно повеќе симнувана, бројот на трансакции кои што се случиле преку е-банкарство е во пораст а истото е и со е-трговијата. Сепак имаме многу страници со сомнителен квалитет на услуги и многу излажани граѓани. За ризиците да се намалат како при испад на систем, така при измама со кредитни картички потребни се сајбер полиси. Прашање е само кој прв на пазарот ќе настапи со ваков тип на осигурување.

  1. Кимо – новиот начин на транспорт до крајните корисници

Во текот на 2021та ќе се лансира Кимо платформата за транспорт до крајните корисници. Ова значи дека обичните граѓани ќе пренесуваат пратки. Не само што ќе се забрза и поевтини транспортот ова ќе овозможи многу претприемачки идеи да бидат полесно реализирани. Можностите на оваа платформа се огромни, но тоа значи и голем импакт и во осигурувањето. Сава Осигуруивање како компанија ја презеде улогата на иновативен играч на пазарот и реши да го воведе овој нов производ – осигурување на транспорт спроведено од трети лица. Ќе биде интересно да се следи со какви резултати ќе вроди оваа иницијатива.

  1. Растот во неколку различни сегменти поврзани со IT индустријата

Во текот на 2019та IT индустријата ја надмина раноградинарската, а во 2020та порастот се зголеми. За очекување е засилен раст и во 2021. Растот на IT индустријата ќе значи и поголема понуда за производи кои што се наменети за вработените во истата. Први такви дополнителни услуги беа дополнителните здравствените пакети. Останува да видиме што ќе смислат креативните брокери и какви нови производи ќе бидат понудени. 

Самите компании можат да се осигураат за прекин во работата, кражба на сензитивни податоци, заштита од немарност на вработени. Сите овие ризици се многу реални и лесно осигурливи.

  1. Осигурување за електрични тротинети

Во текот на минатите години имавме видливо зголемување на употребата на електричните тротинети во Скопје. Нивната популарност е разбирлива. Тие заштедуваат многу средства и како почетна инвестиција и овозможуваат брзо и лесно движење низ градот. Сето ова нажалост има цена – во Македонија немаме квалитетна инфраструктура за овој тип на транспорт што значи тротоарите стануваат ризични.

Според предлог законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возачите на електрични тротинети ќе треба да возат со брзина до 6 километри на час додека се во пешачки зони. Таа брзина е и просечната брзина на пешак. Иако имаме рекорден број на полицајци по глава на жител оваа регулатива тешко дека ќе биде спроведлива. Законите мораат да корелираат со општествените навики. Доколку не постојат квалитетни навики прво да се работи на образование и промена на јавните навики. Во рамките на другите пристапи се чини како многу логична мерката за воведување на осигурување за возачите на тротинети. Според спецификациите на дел од моделите на Xiaomi и Hamachi тие можат да развијат 45 километри на час. Тоа е сериозна брзина која при невнимателност може да нанесе сериозни повреди на трети лица. Осигурувањето би ги заштитила возачите од многу сериозни издатоци при таква несреќа. Секако овие полиси ќе значат и развој на нови актуарски модели но такви веќе постојат надвор и првите полиси можат да бидат само фронтинг.

  1. Понатамошен раст на здравственото и животното осигурување

Кога ги гледаме хрватскиот и словенскиот пазар честопати се докажало дека гледаме во иднината на нашиот. Она што се случува на овие пазари пополека со текот на годините се прелева и кај нас. Она што можеме да забележиме дека авто-одговорноста таму пополека го намалува уделот во пазарот. Во минатата година кај нас имавме пораст на животното и здравственото осигурување. Сето тоа е последица на здравата конкуренција и квалитетната понуда. Во 2020 можеби ќе можеме да очекуваме и здравствена полиса која што не е дополнително туку основно здравствено осигурување со поголема цена и поголеме покритие на ризици. За очекување е да добиеме и повеќе комбинации на животно со инвестициска компонента.

  1. Продолжување на трендот на лансирање на нови производи

Се чини дека Триглав предничи пред своите конкуренти со можноста да пласира нови производи. Ова бара голема спрема на актурарскиот тим и многу податоци, што Триглав како доминантна компанија во неживотниот сектор секако го има. Во крајот на годинава Триглав го лансираше Мој Миленик со што продолжи да лансира нови производи неколку години во низа. 

  1. Finna – мобилна апликација за европски записник

Finna е иновативно fintech и insurtech решение кое ќе овозможи многу услуги во една апликација. Finna ќе понуди едноставен и интуитивен интефрејс со што ќе ја поедностави постапката за сите и компаниите и крајните корисници. Осигуритениците ќе имаат брза и лесна комуникација со осигурителите а и осигурителните компании ќе добијат поквалитетни информации навремено. Ова ќе заштеди многу часа чекање по шалтери и брза размена на контакти на оштетениот и оштетувачот.

  1. Оптимизација на реосигурителните процеси

За очекување е компаниите да започнат процеси во кои што дел од мерките за успех нема да биде само волуменот на продажба туку вкупниот профит на компанијата. За да вкупниот профит да биде зголемен а воедно да не се канибализира иднината на компанијата (доколку зголемувањето се случи преку мала исплата на штети) компаниите ќе мораат да размислуваат да го зголемат профитот онаму каде што во минатото немале профит. Реосигурителните процеси се сеуште далеку од оптимални и можеме да очкеуваме optimalreinsurance.com да биде дел од решението.

Bitsofinsurance и во текот на 2021та ќе биде посветен на квалитетно и аналитично пренесување на македонската осигурителна сцена. Ви благодариме за довербата.

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleepy
Sleepy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %
Previous post Фондот за иновации се побратими со Стартап Македонија
Next post Сава Осигурување донира компјутери