
Според министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, процесот на купопродажба на Комерцијална банка од страна на НЛБ би требало да заврши до крајот на 2020. Сумата која што ќе бида уплатена во државниот буџет е околу 400 милиони евра
Единствен чекор на кој се чекало за купо-продажната трансакција да се ефектуира било одобрението на Европската централна банка (ЕЦБ), но и тоа е пристигнато во Народната банка на Србија.
Вториот услов на кој се чека е доисплатата на заостанатите дивиденди за затворање на трансакцијата за преземање на Комерцијална банка.
„Очекуваме согласност од страна на Народната банка на Србија во следниот период и останува да се досреди документацијата. Очекувам трансакцијата да биде завршена до крајот на годината а со тоа и да биде уплатена во буџетот на Србија“ – изјава на министерот Мали.
Дел од средствата би биле исплатени за сервисирање на долгот од 170 милиони евра кон Азербејџан. Покрај 387 милиони евра, Србија ќе добие и околу 460 милиони евра за 83,2 проценти од акциите до крајот на преземањето.
Двете банки работат и во Црна Гора, преку подружници, така што ова спојување ќе се одрази и на црногорскиот банкарски сектор.