Allianz со неочекувано добри резултати за 2020та година

0 0
Read Time:41 Second

Гигантот за осигурување Allianz постигна одлични финансиски резултати. Во новата година, осигурителната група очекува да ги надмине резултатите од пред пандемијата.

Оперативната добивка во 2020та на групата е падната за 9%, на 10,8 милијарди евра, што е за 0,4 милијарди евра повеќе од очекувањата. По објавувањето на веста акциите на компанијата пораснаа за повеќе од 1%.

Вкупната штета од пандемијата изнесувала 1,3 милијарди евра.

„Адаптирано на негативните ефекти од Корона вирусот, нашиот резултат беше над рекордното ниво од претходната година“, изјави Џулио Терзариол, финансискиот директор на групацијата.

Дивидендата на компанијата ќе изнесува 9,60 евра, иако нето добивката по малцинските камати падна за 14% на 6,8 милијарди евра. За 2021, извршниот директор Оливер Бете предвидува оперативен профит од 12 милијарди евра +- 1 милијарда евра, што е понатамошен раст од оваа година „Allianz“.

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleepy
Sleepy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %
Previous post Триглав Осигурување Живот на нова адреса
Next post Триглав Осигурување Живот со нов производ – Колективно ризико осигурување