
Read Time:27 Second
Тендерот за осигурување на воздухоплови кој го распиша Министерството за Внатрешни Работи е добиен од страна на Еуролинк осигурување а вредноста на зделката е 1,4 милиони евра.
Овој тендер повеќе години е проблематичен откако еден од хеликоптерите на МВР падна при извршување на рутински лет. Доколку знаеме дека цената на еден воздухоплов е навистина голема тогаш јасно е и зошто цената на тендерот е исто така висока.
Она што збунува во извештајот од МВР е реченицата дека цената е со вклучен ДДВ иако осигурувањето не подлежи на ДДВ.