
Viena Insurance Group купи удел во фондот за стартапи IST Cube. Досега доминантни сопственици на фондот беа Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и Австриската банка за развој и Аустриа Виртшафтссервис.
IST Cube е во тесна соработка со Институтот за наука и технологија IST Austria и универзитетите во Виена, Грац, Линц, како и со Виенскиот биоцентар.
Фондот има инвестирано во шест проекти од областа на медицината, информатиката и биохемијата, а во текот инвестицискиот циклус од 10 години а планира да инвестира во приближно 40 проекти со просечна инвестиција од 1-2 милиони евра.
Според извршниот директор на VIG, Елизабет Штдлер, покрај комерцијалните мотиви, преку оваа инвестиција намерата е VIG да биде конкурентна во однос на иновациите во осигурувањето. „Преку соработка со ICT Австрија – еден од најдобрите светски научни институти кои се занимаваат со истражување на математички, физички и компјутерски науки – ја гледаме оваа инвестиција како конкурентска предност и како траен придонес за Австрија како привлечно место за брзо растечката технолошка сцена “, рече Штдлер.