Македонскиот проект Optimal Reinsurance Management - добитник на инвестиција од ФИТР - Bits of insurance

Македонскиот проект Optimal Reinsurance Management – добитник на инвестиција од ФИТР

Во рамките на третиот повик на Фондот за Иновации и Технолошки Развој компанијата Systems for Enterprise во Март 2018 доби инвестиција со која што ќе доразвие и комерцијализира својот проект Optimal Reinsurance Management.

“Systems for Enterprise цели да биде иновациски центар во осигурителната индустрија и е компанија ориентирана на градење на сопствени продукти. Нашата мисија е преку континуирана иновација да го промениме осигурувањето засекогаш. Се стремиме да изградиме алатки преку кои осигурителните компании ќе бидат поблиски до крајните корисници, ќе бидат поефикасни, ќе ги оптимизираат своите процеси. Со тоа постигнуваме зголемено задоволство на крајните корисници и зголемени профити.” – изјави Стефан Митески, директорот на Systems for Enterprise.

Optimal Reinsurance Management претставува алатка за оптимизација на реосигурителниот процес, таа овозможува на одделот за реосигурување во осигурителните компании да може да ги проектира по волумен и број штетите за идната година врз основа на минатото портфолио и планот за продажба за идната. Откако ORM ги проектира идните штети врз нив имплементира алгоритми за проценка на оптимален реосигурителен договор.

Ваквиот оптимален договор им овозможува на компаниите да имаат подобра преговарачка моќ во преговорите со своите реосигурителни компании. Дополнително откако ќе ги добијат понудите од своите реосигурители можат да ги вчитаат договорите во Optimal Reinsurance Management и да ги споредат во однос на свото идно портфолио.

Еминентниот новинар Џон Бигс (John Biggs) од светски познатиот портал за новости во стартап светот TechCrunch за Optimal Reinsurance Management кажа – “најдоброто нешто што сум го видел во подолго време”.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: