Асоцијацијата за е-трговија на Македонија стартува со својата работа - Bits of insurance

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија стартува со својата работа

На 20.03.2018 година, во Скопје, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија го одржа првото собрание.

На собранието беа присутни претставницте на членките и почесни членови кои се дел од Асоцијацијата. Во моментов Асоцијацијата ја сочинуваат 24 правни лица, едно физичко лице и 2 почесни членови.

Од АЕТМ изјавуваат дека ги радува тоа што секојдневно добиваат барања за пристапување од најразлични компании кои ја гледаат синергијата од здружувањето на сите засегнати страни со цел делување за креирање на поволна клима за раст на е-трговијата и надминување на бариерите на пазарот.

На првото собрание членките имаа прилика да се запознаат меѓусебно и да разменат искуства, мислења и ставови. Претседателот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска, на Собранието ја претстави мисијата и визијата на асоцијацијата, ги презентираше изминатите и тековните активности како и планот и програмата за работа на АЕТМ во 2018 година. Беше најавена и организацијата на првата прес-конференцијата која ќе се одржи следната недела (29.03.2018), а на која свои обраќања покрај претседателот на АЕТМ ќе имаат и почесните говорници Министерот за информатичко општетство и администрација г-дин Дамајн Манчевски, Гувернерот на НБРМ г-дин Димитар Богов и регионалната директорка на Mastercard г-ѓа Вања Манова.

На прес конференцијата ќе бидат споделени факти и податоци кои се дел од сеопфатната анализа за состојбата со е-трговијата на која моментално работи Асоцијацијата. Ќе биде презентирана подготвеноста на Македонија за раст на е-трговијата, развојот од 2010 до 2017 година, споредби со ЕУ како и информации за Македонскиот онлајн купувач.

Ниту една од осигурителните компании сеуште не е членка на асоцијацијата но со оглед на тоа што со секој квартал бројот на продадени полиси онлајн расте за очекување е дека тоа ќе се случи наскоро.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: