Рекордни бројки во осигурувањето во Македонија - Bits of insurance

Рекордни бројки во осигурувањето во Македонија

Агенцијата за супервизија во осигурувањето го објави својот годишен извештај според кој пазарот во 2017 вкупно тежел 8.99 милијарди денари (146.24 милиони евра). Тоа е пораст од 3.10{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во однос на минатата година.

Бруто полисираната премија за неживотното осигурување пораснала за 1.57{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}  на 7.54 милијарди (што претставува 83.92{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од вкупната брутпо полисирана премија на друштвата). Во животното осигурување имаме пораст од 11.95{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повеќе од истиот период минатата година. Бројките оваа година говорат 1.44 милијарди денари.

Во текот на годината, македонските компании издале вкупно 1,385,676 полиси (во споредба со 1,292,749 во 2016), од кои 749,558 – полиси за авто-одговорност и 44,516 за каско за моторни возила.

Бројот на ликвидирани штети бил 58,294 (во споредба со 2016 – 55,194). Уника е компанијата со најмногу нерешени штети во моментов, додека Винер е компанијата со најмалку нерешни штети (на почетокот на периодот).

Во однос на бруто полисирана премија лидер во Македонија во животното осигурување е Кроација Осигурување со 622.254 милиони денари, додека Триглав се сеуште водечка компанија во неживотниот сегмент и севкупно со 1.31 милијарди денари вкупна бруто полисирана премија.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: