Осигурување на гуми од Триглав осигурување - Bits of insurance

Осигурување на гуми од Триглав осигурување

Триглав Осигурување, во соработка со Мотоцентар, овластен увозник и дистрибутер на реномирани брендови на гуми, воведува нова услуга на пазарот, осигурување на гуми. Осигурувањето нуди 24 – часовна асистенција во Македонија и во Европа и обезбедува покритие за трошоци при издишана гума, кражба на гума, вандализам и механички оштетувања на гумите од предмети на патот.

Гумите се важен дел од автомобилот, бидејќи треба да ни обезбедат удобност и сигурност при возењето. Тие треба да имаат карактеристики, кои што ќе се носат со силите кои директно влијаат врз нив при кочење, забрзување, или вртење, притоа прилагодувајќи се на состојбата на патот по кој што се движат. Триглав Осигурување, во соработка со Мотоцентар, воведува нов производ на пазарот, осигурување на гуми, во рамките на кој што клиентите добиваат и 24-часовна асистенција во Македонија и во Европа.

Осигурување на гуми можат да обезбедат правни и физички лица, при купување нови гуми за патничко возило, не потешко од 3,5 тони.

Осигурувањето на гуми ги покрива трошоците за:

  • помош на пат, со цел оспособување на оштетената гума на возилото,
  • набавка на нова гума,
  • демонтажа и монтажа на гумата на тркалото,
  • балансирање,
  • нов тубелес вентил,
  • обезбедување на шлеп служба за возилото и превоз на патниците до најблискиот сервис,
  • чување на возилото, во случај кога автомобилскиот сервис е вон работно време.

Во случај кога има потреба за промена, или поправка на гума, клиентите можат да се јават во  асистентскиот центар,кој што, зависно од потребата, обезбедува директна асистенција на патот, шлеп служба, или пак ги упатува клиентите во најблискиот овластен сервис за поправка на гуми.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: