Поскапо осигурување доколку доцните со плаќање?! - Bits of insurance

Поскапо осигурување доколку доцните со плаќање?!

Постои можност осигурувањето да го платите поскапо следната година. Доколку изиграте паметно можете да го избегнете тоа.

Националното биро за осигурување побара од Владата, возачите кои нема да ги регистрираат возилата навреме, да плаќаат повеќе. Предлогот е доставен до Владата при крајот на минатата година со образложение дека во земјава има многу нерегистрирани возила.

Од Бирото за осигурување објавуваат дека 81.176 возила во земјава се нерегистрирани, односно дека скоро 14{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од полисите лани не биле обновени споредено со бројката од 2016-та година.

Анализите на Националното биро покажуваат дека во просек годишно од страна на Гарантниот фонд се исплаќаат преку 2 милиони евра за штети предизвикани од неосигурани возила и се резервираат штети преку 3 и пол милиони евра. Во изминатите 10 години од Гарантниот фонд биле исплатени 25 милиони евра, пишуваат од Тв Алфа.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: