Вработување во Winner life - Bits of insurance

Вработување во Winner life

Винер Лајф Македонија , дел од групацијата  од Vienna Insurance Group од Австрија, како осигурителна компанија на македонскиот финансиски пазар, нуди широк избор на сите современи и високо квалитетни осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби.

Винер Лајф за своите потреби огласува слободна работна позиција:

Специјалист за контрола и известување

Потребни квалификации:

  • Економски факултет;
  • Минимум 5 години работно искуство во сектор за финансии;
  • Напредно познавање на Excel;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Познавање на законска регулатива од областа на финансии;
  • Способност за справување со повеќе приоритетни активности;
  • Внимание на детали и структуиран начин на размислување;
  • Самоиницијативност и способност за работење без постојан надзор;
  • Способност за користење на дата база.

Работни задачи:

  • Подготвување на редовни и ад-хок извештаи за контрола и анализа за потребите на менаџментот и акционерите;
  • Подготвување на извештаи пропишани со законска регулатива;
  • Активно учество во изработка на бизнис планови и следење на нивната реализација;
  • Следење на финансиските перформанси на компанијата и анализа на работењето на компанијата;
  • Контрола на усогласеноста финансиската евиденција на компанијата со меѓународните стандарди за финансиско известување;
  • Контрола на почитување на лимитите пропишани во локалната законска регулатива поврзани со инвестирањето на средствата кои ги врши компанијата;
  • Контрола на усогласеност со законска регулатива.

Работно време: дневно од понеделник до четврток од 08:00 до 16:30 часот и петок од 08:00 до 14:00 часот, 40 часа неделно, работа во една смена – претпладне.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: