Да си го надживееш животното осигурување! - Bits of insurance

Да си го надживееш животното осигурување!

Лорејн Гуентер и Thrivent Financial insurance имале договор, или барем таа така си мислела.

Таа ќе им плаќа премија од $500 годишно до крајот на животот а тие кога ќе чукне судниот час на нејзиното семејство ќе исплатат $25,000.

Универзалната животна полиса била склучена во 1988 кога Лорејн имала 67, и имала клаузула за истек во февруари 2021 кога таа ќе наполни 100 години.

Но три години пред истекот на полисата, компанијата и соопштила дека кон крајот на годината нивните бенефити при случај на смрт ќе се намалат скоро до нула.

“Јас би рекла, ме казнуваат што живеам” – изјави Лорејн.

Официјалната изјава од Thrivent Thursday вели дека полиси како таа на Лорајн не нудат гараниции за покритија 100 години. Компанијата се брани со тврдењето дека испаќале информативни писма до клиентите за да ги известат колку нивните полиси ќе траат базирано на нивната премија, каматните стапки и трошоците за работење.

Нашата редакција и посакува на Лорејн да ја надживее својата полиса, а на сите кои влегуваат во животното осигурување да ги прочитаат условите темелно. На Кит Ричардс од Ролинг Стоунси му посакуваме да не се осигура во Thrivent Thursday бидејќи залудно би си ги трошел парите. А на вас драги читатели ви посакуваме пријатен викенд.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: