На повидок ли е нов модел за осигурувањето на земјоделството? - Bits of insurance

На повидок ли е нов модел за осигурувањето на земјоделството?

Македонија има сериозен проблем во земјоделието. Бројот на склучените полиси, и покрај владините субвенции од 60 проценти учество во премијата, континуирано и значително се намалува.

– Повеќето од земјодeлците работат без профит, колку да ги покријат трошоците за производството и нешто да им остане за живот. Поради ова, најголем дел од нив не размислува да ги осигури нивите, посевите или, пак, овоштарниците и лозјата. Сето ова е резултат на погрешните политики што ги преземаат властите, но генерално земјоделците не се осигуруваат зашто заработка скоро и да немаат – вели земјоделецот Андрија Секуловски за Нова Македонија.

Решението кое не се оствари

Во текот на 2012та година Европа Ре започана со своето работење на територијата на Македонија. Една од целите на проектот беше токму решавањето малите бројки во осигурувањето во земјоделството. Европа Ре размислуваше за воведување на нови практики во осигурувањето – како параметарско осигурување и скенирање на штети со сателитски и авионски снимки. Сепак по 5 години од иницијалните заложби, плодот не е остварен. Во текот на септември 2017та Орсалиа Каланзопулос извршниот директор на Европа- Ре се сретна со г-дин Зоран Заев и дискутира меѓу другото и за унапредување на оваа гранка. Останува да видиме какви промени ќе ни донесе 2018та.

– Мора да најдеме начин како земјоделците да ги осигуруваат своите посеви, наместо да се чека обесштетување од државата како изминатиов период. Затоа се размислува за нов модел – неодамна соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

 

Што кажуваат бројките?

Од извештаите на Агенцијата за Супервизија на Осигурувањето ги превземавме следните бројки за состојбите во оваа гранка:

Тип на осигурување Година Број на склучени договори  Бруто полисирана премија  Бруто резерва за преносни премии  Брoј на ликвидирани штети  Бруто исплатени (ликвидирани) штети  Број на резервирани штети  Бруто резерви за настанати и пријавени штети
Осигурување на посеви и плодови 2017 1.834 3.495.000 82000 6 63000 1 41000
2016 3.706 3.176.000 490000 16 335000 5 495000
2015 3,855 2,297000 668000 2 37000 0 0
2014 2.945 6.219.000 88000 12 575000 0 0
2013 1.914 4.105.000 53000 27 1.261.000 26 1.190000

 

Какви се идните мерки?

„Како ресорно министерство мора да работиме на ефикасни инструменти со кои ќе го заштитиме земјоделското производството, а земјоделците ќе можат да си ги покријат загубите“, порача министерот Николовски.

Министерот истакна дека осигурените земјоделци имаат пристап до повеќе субвенционирани програми за разлика од неосигурените, но и дека долгорочно, осигурувањето ќе го растерети буџетот кој сега во најголем дел се троши токму на исплата на штети.

„Покрај директната корист која ја имаат земјоделците од осигурувањето, самото Министерство ќе има повеќе средства на располагање за реализација на капиталните инвестиции, кои секако одат во прилог на сите земјоделци“, порача Николовски.

Во просек, годишно, досега за осигурување во земјоделството од елементарни непогоди се исплаќаа по 300 милиони денари. Заради негативните трендови во осигурувањето се размислува и за менување на целиот систем на осигурување во земјоделството.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: