Каков тип на инвестициски фонд е за Вас? - Bits of insurance

Каков тип на инвестициски фонд е за Вас?

Доколку прочитавте какви типови на инвестициски фондови постојат, може да се прашувате, кој фонд би бил најсоодветен за Вас.

При одлуката, треба да земете неколку битни насоки, кои ќе Ви помогнат да се одлучите какво портфолио да направите за Вас, односно:

  • Кога ќе Ви бидат потребни средствата и должината на инвестирањето
  • Кој ризик кој го имате со Вашите заработки
  • Колкав ризик сте спремни да толерирате
  • Претходно инвестициско знаење и искуство

Доколку ги анализираме секое посебно би било вака:

1.Кога ќе Ви бидат потребни средствата и должината на инвестирањето

За ова е потребно заедно со консултантот, да направите добар финансиски план за иднината и треба да ги земете во предвид мотивите за инвестирањето. Секако за различна цел се одбира различен тип на фонд преку кој најдобро би се остварила замислата. Исто така, голема улога тука игра и Вашата возраст при креирањето на планот и портфолиото. Што повеќе сте искрени за мотивите, толку подобро консултантот би Ви направил најсоодветно портфолио

2.Кој ризик кој го имате со Вашите заработки

Под кој ризик го имате со Вашите заработки, се подразбира каков тип на работа имате (хонорарна, за плата, приватен бизнис…), колкава Ви е висина на заработка на месечно/годишно ниво и вредност на претходни инвестиции или имот. Доколку имате нестабилна заработка, тогаш најдобро да имате некој дел од Вашите заштеди во паричен фонд, за да имате од каде да подигнувате средства доколку Ви се потребни.

3. Колкав ризик сте спремни да толерирате

Ова е можеби клучното прашање поради кое Вие ќе прифатите или ќе Ве одврати ваквиот тип на создавање на капитал. На пример, доколку не би можеле(сакале) да имате поголеми осцилации на Вашите средства во краток временски период, тогаш најдобро би било да избегне акциски инвестициски фонд. Од друга страна пак, доколку сакате да остварите поголем принос(добивка), и притоа да превземете умерен и пресметан ризик на осцилации на средствата на краток временски период, паричните или обврзничките фондови нема да Ви бидат доволно атрактивни.

4. Претходно инвестициско знаење и искуство

Ова е во тесна релација со претходното, но се ставени како посебни ставки бидејќи е доста битно Вие како клиент да знаете што добивате со Вашите средства и каде ги вложувате. Многу луѓе едноставно нема да се одлучат на ваков тип на инвестиции, само поради тоа што не се доволно информирани како функционира целиов сектор, и ќе се сомневаат во сигурноста на инвестицијата. Ова може да биде голем хендикеп за Вас доколку не дозволите да Ве информираат инвестициските агенти, или пак може да биде голема предност, доколку се потрудите да ги разберете барем основните поими (секако не да станете експерти за инвестициски фондови)

При склопувањете на инвестициското портфолио, се земаат во предвид овие фактори и вешт инвестициски советник, во добра консултација со Вас, ќе Ви предложи најдобро решение за оплодување на Вашите средства и остварување на целите.

Доколку Ве заинтересира ова, и сакате да дознаете кој тип на фонд или какво портфолио на фондови е најсоодветено за Вас, слободно контактирајте ме, ќе направиме custom-понуда за Вас.

 

Автор: Дејан Мирчевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: