Наместо паркинг казна си добија пари - Bits of insurance

Наместо паркинг казна си добија пари

Александар Дувњак бил на мала прошетката во Баш чаршија по утринското неделно кафе. Кога тргнал да се враќа накај својот автомобил на ветробранот на својот автомобил ја затекнал следнава слика:

“Како што се приближував забележав розева белешка. Начисто зоврев – колата ми беше прописно паркирана. Цела среќа не посегнав по телефонот да се расправам пред да стигнам до самата казна. А таму што да видам – АСА осигурување си се зезале на моја сметка по повод први април. Ми приредија мал шок ама и ми поклонија 40 конвертибилни марки за следното осигурување”.

Босанците се познати по својот хумор а во случајов е проследен и со добар попуст. АСА осигурување ваквата акција ја спровеле во поголемите градови во Босна и Херцеговина.

Нашата редакција едвај чека да види догодина што ќе им текне на АСА. Оваа година добро ги прочешлавме сите прво-априлски шеги ама осигурителните компании останаа генерално несмешни.