Најголемата компанија во светот започнува бизнис со здравствено осигурување - Bits of insurance

Најголемата компанија во светот започнува бизнис со здравствено осигурување

Најголемата компанија во светот сака да добие удел во една од најголемите индустрии во светот.

Walmart е во преговори за да го превземе гигантот во здравственото осигурување Humana која во моментов има пазарна капитализација од $37 милијарди. Интересно е што пред неполн месец и главниот конкурент на Walmart – Amazon заедно со Berkshire Hathaway (BRKA) и JPMorgan Chase (JPM) објави план за влегување во оваа индустрија. Инаку JPMorgan Chase (JPM) е втората најпрофитабилна компанија додека Berkshire Hathaway (BRKA) на Ворен Бафет е на третото место на оваа листа.

Amazon се чини дека повлече верижна реакција со својата објава, па покрај денешната објава на  Walmart, го забрза купувањето на Aetna од страна на  CVS и го забрза процесот на купување на ExpressScripts од страна на Cigna. Amazon најави и влегување во фармацеврскиот и бизниосот со примарна нега.

Американците во 2016 потрошиле  $3.3 трилиони на здравство или просечно по $10,348 по човек. Оваа сума е приближно 18{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од GDP на САД, додека целокупниот малопродажен бизнис е “само” 6{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}. Се чини дека логото на Amazon кое покажува од буквата A до Z, првата до последната буква во англиската азбука, ни укажува дека гигантот е со намера комплетно да ги “изеде” сите преостанати индустрии.

Сепак не може да се каже дека најголемата компанија во светот според Fortune 500 заостанува. Walmart во 5,000 продавници веќе има оддел за лекови а и во одредени држави има клиники за примарна нега. Walmart има 1,5 милиони вработени па дури и доколку успее преку Humana да обезбеди подобри договори со своите вработени веќе ќе има брз поврат на дел од вложените средства.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: