Blockchain технологијата го освојува осигурувањето - Bits of insurance

Blockchain технологијата го освојува осигурувањето

Гигантите и главни конкуренти во здравственото осигурување во САД – UnitedHealth Group и Humana (за чија што аквизиција од страна на Walmart пишувавме неодамна) објавија дека ќе соработуваат на блокчејн (blockchain) пилот проект. Целта е подобрување на квалитетот на податоците за здравството. Според одредени естимации трошоците за ускладување на податоците од различни извори изнесуваат и до 2,1 милијарди долари годишно. Корпорациите дадоа заедничка изјава за медиумите:

“Пилот проектот ќе испита како споделувањето на податоци меѓу здравствените организации користејќи блокчејн технологии ќе ја подобри точноста на податоците, ќе ги усклади административните процеси и ќе го подобри пристапот до примарната грижа за крајните корисници.”

Иако цените на блокчејн валутите опадна драстично во однос на цените на декември 2017та, во светот на осигурувањето постојат многу интересни блокчејн иницијативи кои што не се тесно поврзани со валутите туку со технологијата зад нив. Една од македонските фирми која што истражува во таа насока е Systems for Enterprise и наскоро ќе имаме разговор со нив на оваа тема.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: