Сава Ре надмина пола милијарда евра - Bits of insurance

Сава Ре надмина пола милијарда евра

Групацијата „Сава Ре“, чија македонска членка е „Сава осигурување“ во годината по спојувањето на своите ЕУ компании успеа да оствари 517.23 милиони евра бруто полисирана премија што е за 5.5{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повисоко од минатата година. Групацијата „Сава Ре“ со минатогодишните резултати за прв пат да ја надмина границата од 500 милиони евра.

Спојувањето на Zavarovalnica Maribor, Zavarovalnica Tilia, Velebit osiguranje и Velebit životno osiguranje ја направи Сава втора најголема осигурителна компанија во Југо-Источна Европа.

Бруто полисираната премија на Сава Ре Групацијата од EUR 98.22 во 2017 забележаа пораст од 3.8{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во однос на минатата година.

Во годишниот извештај Sava Re Group се пофали со купувањето на НЛБ прв пензиски фонд како еден од најмаркантните настани меѓу двата годишни извештаи. НЛБ ППФ стана дел од Sava Re Group на 13ти март 2018 година како дел од една од поголемите трансакции на македонската берза во последниот квартал. Во минатата година Sava Re Group ги купи и TBS Team 24 – словенска компанија за авто-асистенција и српската осигурителна компанија Energoprojekt Garant.

Дополнително во минатата година Sava Re Group стана комплетен сопственик на Zavarovalnica Sava откупувајќи ги сите малцински акции.

По својот редовен преглед, на 29 јули 2015 година, бонитетната агенција „Стандард & Пурс“ го надгради долгорочниот кредитен рејтинг и кредитниот рејтинг на финансиска моќ на „Позаваровалница Сава“ д.д. од Словенија со оценката А-. Во јуни 2017 година бонитетната агенција „Стандард & Пурс“ го потврди рејтингот на Сава Ре со оценка А-.

Македонска членка на Сава Ре групацијата – Сава осигурување имаше исто така успешна година зголемувајќи го профитот. Плановите на Сава осигурување за 2018 се во насока на развој на конкурентските предности на пазарот, вложување во квалитетот и асортиманот на производите и продажната мрежа заради поголема достапност за осигурениците. Во таа насока беше и лансирањето на мобилната апликација изработена од Systems for Enterprise за купување на полиси, добивање на поени за лојалност и помош на пат.

Од Сава наговестуваат дека годината ќе биде во знакот на воведување нови продукти, кои се уште не се присутни на македонскиот осигурителен пазар, како и инвестиции во делот на отворање други сопствени станици за технички преглед “Sava Station”. Сава осигурување и „Сава стејшн“ ја отворија својата прва станица за технички преглед во населба Илинден во Мај 2015 година. Во рамките на овие технички станици, Друштвото формира сопствени продажни единици и сопствени центри за штети.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: