“Ќар од канабисот (ама не на тој начин)” - Bits of insurance

“Ќар од канабисот (ама не на тој начин)”

Во Март во Калифорнија беше исплатенa осигурителна штета од $1 милион од страна на неименувана осигурителна компанија. Ова претставува највисока исплата во индустријата за одгледување на канабис.

Штетата е предизвикана од пепелта од големиот пожар Томас која почнала да “паѓа како снег” врз пластениците за канабис, при што тие биле загадени со токсични хемикалии.

Мет Портер посредникот кој ја составил полисата изјавува: “полисите за осигурување на канабисот еволуираа во однос на останатите земјоделски бизниси и бизнисот на оваа гранка е многу ризичен и специфичен“.

Забрзаниот раст на легализација на канабисот и неговата употреба за осигурителните друштва бара специфични полиси само за овој тип на индустрија.

Во 2017 година инвестициите во во САД во бизниси со канабис достигнаа $718 милиони. Легалното одгледување на канабис се очекува да надмине 50 милијарди долари до 2022 година.

Осигурувањето за вакви компании е скапо и голем дел осигурителни друштва сеуште не го нудат. Патрик Мекманамон, работи со компании за одгледување на канабис од 2009 година и нагласува дека “денес е многу тешко да се најде осигурување за компаниите од индустријата за одгледување канабис. Може да се каже дека големите компании воопшто не се подготвени за овој вид на бизнис. Вие треба да го најдете вистинскиот локален агент, а потоа тој мора да најде начин за да обезбеди соодветно покритие”.

Во Македонија според законот за контрола на опојни дроги и психотропни суспстаниц од 2016 е дозволено одгледување на коноп во медицински и/или научни цели. Одгледување на коноп е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување на коноп издадено од Министерството за здравство, по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија.

Во Македонија пишувавме за промените кои што ќе го зафатат земјоделското осигурување па можно е со нив да се регулира и оваа специфична дејност. Сепак сеуште е многу тешко да се обезбеди вакво специјализирано осигурување во Македонија и се очекува во првите години додека не се соберат доволно релевантни податоци за ризиците, осигурувањето на канабис да се сведе на т.н. фронтинг осигурување од некои поискусни светски компании.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: