Профитабилна револуција водена од IT промените - Bits of insurance

Профитабилна револуција водена од IT промените

Британската консултантската компанија CGI, една од водечките светски консултантски компании, го објави извештајот “Дали се придруживте на профитабилната револуција?”. Ние во bitsofinsurance.com решивме да ги извадиме клучните делови од него:

Индустријата за осигурување е присилена да влезе во т.н. “Профитабилната револуција”, со цел да го преживее притисокот од низата макро трендови.

Технолошките иновации, безбедносните закани, ниските каматни стапки, сложената регулација се дел од факторите за намалување на профитот на осигурителните компании. Тие постојано се обидуваат да најдат нови начини кои наштетуваат на профитабилноста на бизнисот.

Како резултат на тоа, фокусот на осигурителните компаниите се менува кон повеќе полиси и подобар поврат на инвестициите.

Во борбата наречена револуција на профитабилноста, во првите редови се вбројува технологијата која една од мерките со кои ќе се намалат трошоците, но како што изјавува Адам М.Савил, директор за осигурување на GCI “тоа е и пријател и непријател на осигурителните компании”.

Денес, најголем проблем е сајбер-безбедноста, дури 78{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од осигурителните лидери сметаат дека токму тоа е предмет за загриженост во 2018 година. Загриженоста е значително поголема од 2017 година кога таа изнесуваше 65{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}. Дигиталната обработка и трансформација на полиси се намали од 73{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во 2017 година на 56{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} за оваа година во САД.

Компаниите кои ќе успеат да останат во чекор со револуцијата на профитабилноста ќе мора да се насочат во права насока, да се стремат кон успешност и да се упорни додека не ја остварат стратегијата која ја имаат, додава Савил.

Компаниите кои што ќе победуваат во т.н. револуција на профитабилноста ќе ја комбинираат можноста да ги избираат вистински бојни полиња, како и можноста да егзекутираат успешно во остварувањето на стратегиите. Директорите на IT одделите во Осигурителните компании ќе треба да ги намалат трошоците преку градење на флексибилни решенија и солуции.

Програмерите од осигурителните компании сметаат дека доколку дигитализацијата и сигурноста се приоритет, тогаш мора да имаат поголемо разбирање од врвот на компанијата да ги спуштат бариерите кои ги имаат изградено. За намалување на вкупните трошоци потребен е раст на биџетот во IT одделенијата. За трендот во растот на буџетот на IT одделенијата пишувавме неодамна.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: