Влијанието на Фејсбук скандалот врз осигурувањето - Bits of insurance

Влијанието на Фејсбук скандалот врз осигурувањето

Социјалниот медиумски гигант “Facebook” и нивниот скандал за неуспешност во заштитата на податоците на корисниците е главна тема последнава недела која наиде на жестоки критики од пошироката јавност.

Откриено беше дека податоци на 87 милиони корисници на facebook несоодветно биле дадени на Британската компанија Cambridge Analytica. Mark Zuckerberg изјави дека и покрај сите напори сепак не успеал да ги заштити податоците на своите корисници. Погледнете го целото негово излагање пред судот.

Движењето #DeleteFacebook се стекна со многу поддржувачи отворајќи им ги очите на потрошувачите за количината на информации што ја собрала платформата за нив и ја споделува со други.

Покрај зголемувањето свест на потрошувачите, скандалот треба да е поттик за будење на бизнисите, да ја подигнат својата свест во ракувањето и заштитата на информациите за клиентите.

Многу мали бизниси се ранливи од аспект на сајбер безбедноста. Истражувањето на Insurance покажало дека 82{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од сопствениците на мали претпријатија не се чувствуваат изложени на ризик од крадење на податоци.

Во истата анкета, повеќе од три четвртини се изјасниле дека имаат соодветна заштита на податоците, додека 74{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} признале дека немаат осигурување од сајбер напади.

Во интервјуто со Џеф Сомерс, претседател на Insurance тој изјавува:

Претпоставувам дека повеќето сопственици на мали претпријатија, доколку го следат случајот на Facebook, се многу повеќе загрижени за сопствените податоци отколку за деловните податоци”

Претпоставувам дека многумина од нив не размислуваат за потенцијалното влијание кое може да го има врз нивниот бизнис”

– “Се надевам скандалот ги прави свесни сите, вакви работи се случуваат… Во однос на сајбер нападите и осигурувањето од сајбер напади, пополека започнува свеста и разбирањето кај сопствениците на малите бизниси да се развива односно тие се во опасност”

– “Има повеќе работи што треба да се направат од страна на осигурителните компании кога станува збор за проблемите околу сајбер, мислам како заедница има повеќе начини како да се подигне свеста за сопствениците на малите бизниси да сфатат дека и ова е ризик не помал од останатиот при водење на компаниите”

 “Повеќе не станува збор за дали ќе се случи сајбер нападат, сега станува збор кога тој ќе се случи, тоа е пораката која треба да ја знаат од бизнис заедницата, исто како што размислуваат за другите бизнис ризици, сигурноста треба да е исто дел од нивниот генерален план”

Доколку сакате да проверите дали сте дел од споделените корисници тоа може да го направите тука.

 

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: