Република Српска: Осигурителите пред колапс - Bits of insurance

Република Српска: Осигурителите пред колапс

Алармот во Агенцијата за Осигурување во Република Српска е вклучен по објавувањето на анализата на Glas Srpske, според која годишната провизија на посредниците за осигурување во Република Српска изнесува огромен процент од полисираната премија. Покрај големите исплати за посредниците дополнително повраток на средства се врши и спрема осигурениците. Со ова се става под знак прашалник можноста за исплата на штети на долг рок при зголемена фреквенција или волумен на штети. Ова е сериозно прашање која ја засега и егзистенцијата на осигурителните компании.

Законскиот максимум за провизија за оваа класа на осигурување во Република Српска е 15{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од полисираната премија, меѓутоа според анализите на Агенцијата за Осигурување на Република Српска осигурителите по сиви канали неколкукратно ја надминуваат оваа провизија.

“Спроведуваме контрола секојдневно, но тешко е да се фати некој на дело, бидејќи на хартија целокупната работа е законска. Постојат индиции дека одредени осигурителни компании извлекуваат пари преку одредени фирми и поврзани лица, но тој дел на контрола не е во наша надлежност туку на даночната служба – Изјавува директорот на Агенцијата за осигурување Славен Дујаковиќ.

Агенцијата за Осигурување на Република Српска во својот извештајот наведува дел од практиките – “Некои од до сега забележаните облици на поврат на пари или создавање на погодности за посредниците опфаќа:
– враќање на делот на уплатната премија на сметката на осигуреникот или исплата на готовина на осигуреникот по купувањето на полисата,
– Плаќање на услугата на техничнкиот преглед од осигурителните компании за осигурениците
– Издавање на бонови за гориво на осигуренцитие,
– Плаќање на услуги на реклама на возилата на осигурениците,
– Плаќање на други видови на реклами.
Сите горенаведени забележани форми на давање на индиректен попуст се казниви”.

И во Македонија нажалост се појавува слична практика на примамливи подароци за осигурениците во форма на гориво и подароци како: опрема за брза помош, противпожарен апарат за возило, патосници и тн.

Иако попустите делуваат позитивно за крајните корисници, сепак градењето на премиите е егзактна наука со која што се бави специјализирана гранка на математиката – актуарството. Премиите се градат така да компаниите работат профитабилно но во никој случај да не се доведува во прашање исплатата на штети.

Ваквото нелегално намалување на премиите со незаконска исплата на премии предизвикува далекусежни проблеми кои можат да се рефлектираат со банкрот на одредени осигурителни компании, особено доколку провизиите одат и до 50{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од премијата како укажаното во анализата од Република Српска.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: