БиХ: Граве осигурување го купи VGT - Bits of insurance

БиХ: Граве осигурување го купи VGT

GRAWE (Граве) осигурување Сараево успешно го спроведува процесот на спојување со VGT Visoko. Сите досегашни одговори за осигурување од VGT Visoko продолжуваат да фигурираат во GRAWE осигување.

Во текот на 2017 година, GRAWE AG со купување на 100{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од акциите на акционерското друштво VGT VIsoko стана дел и единствен сопственик на компанијата. GRAWE AG е осигурителна компанија со 190 години традиција, воедно последните дваесет години GRAWE осигурување од Сараево има непроменет сопственик што е показател за сериозна компанија и тие се најголема осигурителна компанија во Босна и Херцеговина.

Целта за стабилност на пазарот, уште поголем удел и зајакнување на својата позиција во осигурителната индустрија на Босна и Херцеговина GRAWE осигурување се спои со VGT Visoko.

На 23 јуни се одржа вонредна седница на двете осигурителни друштва, каде се одлучи за нивното спојување. Позитивна работа е тоа што двете осигурителни друштва ќе останат да функционираат и меѓусебно ќе се надоградат по стандардите на GRAWE осигурување за да ја зајакнат својата моќ.

Како правен наследник, GRAWE осигурување ги презема сите договори за осигрување од VGT, а тековните полиси за осигрување на VGT кои се сеуште законски важечки и произведуваат правни ефекти важат под условите со кои е склучен договорот и се важечки до истекот на рокот.

Ова повлекува сите понатамошни полиси издадени од двете компании ќе бидат потпишувани од страна на GRAWE осигурување.

Со спојувањето на двете компании “новоформираната” GRAWE ќе ги добие условите за пласирање на своите програми за осигурвање во двата ентитета (животно и не животно осигурување) и ќе бидат на услуга на сите граѓани во Босна и Херцеговина.

GRAWE осигрување денес е меѓу лидерите на пазарот за животно осигурување во Босна и Херцеговина, и е во секојдневен раст во неживотното осигурување особено во сегментот на осигурување на моторни возила и осигурување на имот.

Во Македонија според извештајот од АСО GRAWE е втора осигурителна компанија во сегментот животно осигурување со остварена бруто премија од 507 197 000 денари.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: