На повидок нова економска криза - Bits of insurance

На повидок нова економска криза

По објавата на претседателот на САД Доналд Трамп за зголемување на царините од одбрани држави, се иницира трговска меѓународна војна, на која дел од државите се одзваа и го возвратија ударот. Кина најави преземање на дополнителни мерки. Неколку високи позиционери од Кина изјавија дека моментално анализираат дали со намалување на јуанот во однос на доларот би се избегнало покачување на цените поради ново воведените царини на кинеските производи.

Според финансискиот аналитичар Јосип Коканович, тоа значи дека освен трговската војна, на глобалната економија и престои и валутна војна. Forex по објавување на информацијата веднаш реагираше. Односот долар/јуан по објавувањето на веста одма порасна, а некои валути како на пример австралискиот долар забележал промена од 0.4{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} што е несвојствено за тој тип на валута.

Дали знаете што е валутна војна?

Тоа е кога државите намерно ќе ја намалат вредноста на валутата во однос на земјата во која што сакаат да се пробијат на пазарот. На пример: Доколку германскиот автомобил вреди 100 000 евра, а односот на евро/долар е 1.3, вредноста на автомобилот во сад ќе биде 130 000 долари. Доколку европските политичари или централната банка намерно го спушти односот евро/домар на 1.1, истиот автомобил во Америка би чинел 110 000 долари, со тоа што поголема е веројатноста да се продаваат повеќе автомобили во Америка. Тоа би допринело за поголем извоз на автомобили од Европа во Америка и повеќе отворени места во Европа, што во исто време негативно влијае на производството на автомобили во Америка, како и на целата економија. За да се поттикне сопствениот извоз, многу држави се одлучија директно или индиректно да ги ослабат своите валути, а некои намерно го задржаа односот евро/долар на 1.2, што со години го одржуваше шведската централна банка за да не дојде до слабеењето на доларот од како Трамп стана претседател. Доколку Кина се одлучи на слабеење на Јуанот, прашање е кои држави би ја следеле и што би се случило?

Како валутната војна ќе се одрази на финансискиот пазар?

Во време на валутна војна, финансискиот пазар претрпува големи осцилации во вредностите на валутите, цената на акциите, нафтата и благородните метали (златото). Кога се во прашање валутите, на почетокот прва на удар е таа валута која доаѓа од земјата која прва се одлучила за таквата мерка, но во подоцнежната фаза кога ќе се приклучат повеќе земји, ситуацијата е обратна.

Доколку дојде до големи негативни последици на глобалната трговија и економскиот раст, ќе дојде и до пад на нафтата што значајно зависи од меѓународната трговија. Доколку трговската и валутната војна земат залет, аналитичарот Admiral Marketsa смета дека може да дојде до раст на цената на златото, која во таква ситуација останува единствено сигурно нешто каде што може да се вложи.

Дали сме на чекор до нова економска криза? Дали Македонија ќе биде погодена од оваа криза и ќе почувствуваме минимални осцилации како од претходната?

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: