Осигурителните компании испишуваат сценарија од Black Mirror - Bits of insurance

Осигурителните компании испишуваат сценарија од Black Mirror

Американската осигурителна компанија предизвика загриженост кај дел од своите корисници кога им испрати пакетче со изненадувања. Меѓу подароците уште поголемо изненадување – четка за заби која што мора да се користи поврзана со мобилна апликација. Апликацијата ги пренесува податоците за хигиенските навики на корисниците на компанијата.

Beam Dental вели дека податоците кои се собираат на овој начин не се споделуваат со ниту една  друга компанија и инцицијативата е со цел промовирање на повисока хигиена. Компанијата на корисниците кои што кои имаат добри навики им дава попусти. Многу од овој тип на полиси во САД се финансирани од работодавците. Егзекутивниот директор на Beam Dental, Alex Frommeyer, неодамна напиша текст – “Упатство за директори за групно здравје 2.0″, поттикнувајќи ги бизнисите да собират што можат повеќе здравствени податоци за своите вработени.

Дали ваквото собирање на подаци може да се нарече длабинска анализа или нарушување на приватноста? Осигурителните компании кои осигуруваат авто-одговорност во САД знаат скоро се за сообраќајни истории на осигурениците. Во одредени земји постојат иницијативи новите возачи да бидат осигурани само доколку користат телематикс системи т.е. црни кутии кои што постојано ги запишуваат возачките навики на новите возачи.

Во животното осигурување, компаниите ги прашуваат потенцијалните клиенти за нивните навики и ги исклучуваат или им наплаќаат далеку повеќе на пушачите и алкохоличарите. А посебно третирани се и оние кои што практицираат високо-ризични спортови.

Разликата според клиентите на Beam Dental е дека оваа компанија собира податоци во реално време, додека до сега осигурениците можат да одлучуваат со кои информации ги снабдуваат осигурителните компании освен доколку компаниите не побараат дополнителни докази, анализи и дијагнози.

Дали некој со лоши дентални навики треба да плаќа повеќе за нивното здравствено осигурувњае отколку некој што мие заби и користи дентален конец 4 пати дневно? Според анализите на своето портфолио компанијата со воведувањето на новата четкичка би ги задржала како свои осигуреници само оние кои што имаат добри навики.

Тоа би значело дека компанијата би имала подобра заработка и би понудила подобри цени за своите корисници. Луѓето со лоши навики пак би плаќале повеќе или би преминале во други компании.

Ова е случај веќе подолго време во осигурувањето на авто-одговорност. Се повеќе компании за здравствено осигурување на своите корисници им прават генетички тестови, практика која што понекогаш дава незгодни информации. Ваквите тестови укажуваат на генетски предиспозиции за одредени канцери и одредени луѓе решаваат да ги отстранат органите пред да се разболат, иако спречувањето би можело да се постигне и со редовно мониторирање. Од друга страна, вработените со високи ризици, хипотетички, ги зголемуваат цените на полисите за сите останати во компаниите. Ова може да предизвика дискриминација при вработувањето.

Лесно е да се замислат и други примени на ваквите осигурителни тактики: дали ќе добиеме подобро осигурување за домот доколку решиме да ги користиме податоците кои што одредени уреди ги генерираат во домовите. Дали да ги споделуваме податоците од алармните системи? Тоа може да се примени и на користење на мониторинг алки за рака кои што би ги следеле вработените во корпоративните средини. Дали пополека ви заличува сето ова на епизода на популранта серија Black Mirror?

Превземено од Forbes, автор Енрике Данс, професор по инвоации во IE Business School

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: