Автомобилското осигурување поевтинува - Bits of insurance

Автомобилското осигурување поевтинува

Во Британија автомобилското осигурување поевтинува по прв пат за три години, делумно благодарение на плановите за неприфаќање на повреди на вратот при незгода без соодветна лекарска документација.

Премиите се намалиле во просек за 7{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} или 59 фунти во првите месеци од годинава, според истражувањето на Confused.com. Цените паднале за 2{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} или 13 фунти од последниот квартал на 2017.

Мажите за осиурување на авто-одговорност во просек плаќаат 810 фунти, додека жените 715 фунти.

Минатиот месец секретарот на министерството за правда, David Gauke, ги обелодени плановите за поставување крај за лажните сведочења за земање оштети и нелегалното добивање на медицински докази за повреда.

Лажните сведочења за повреда осигурителните компании во Велика Британија ги чини најмалку 1 милијарда фунти годишно.

Gauke изјави: “Владата сака да се осигура дека само осигурениците кои имаат потврда за повреда која е добиена на легален пат ќе бидат исплатени“.

Би ги издвоиле овие интересни примери за лажни сведочења:

  • Фудбалерот Герти Барнет, од Виган, тврдел дека е толку тешко повреден во сообраќајка несреќа, при судир со кола која доставува храна, што не може да игра. Тој побарал оштета од 2 илјади фунти. Меѓутоа бил осуден за лажно сведочење, и морал потоа да ги подмири судските трошоци од 11,000 фунти и дополнително бил суспендиран четири месеци.
  • Во јануари оваа година, двајца возачи побарале исплата од 90,000 фунти за несреќа во која учествувале во околината на Кембриџ. Потоа признале дека се работи за измама и платиле 70,000 фунти судски трошоци.
  • Министрите минатиот месец предложиле измени во начинот на кој ќе се исплаќаат личните повреди т.е во зависност од сериозноста на повредите.

Владата најави и реформи за начинот на кој ќе се пресметуваат и исплаќаат штетите кои може да имаат понатамошни влијанија.

Gauke за крај додава “Севкупната автомобилска полиса е сеуште околу 768 фунти. Осигурениците кои ги обновиле своите полиси сеуште немаат бенефит од овие мерки. Но несомнено е дека тие ќе следат.”

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: