Вработените во осигурителниот сектор најскапи за работодавачите - Bits of insurance

Вработените во осигурителниот сектор најскапи за работодавачите

Работодавачите во Македонија во 2016 година просечно годишно издвојувале по 398,242 денари  по вработен, соопшти Македонскиот државен завод за статистика.

Најголем годишен просек на издатоци по вработен во Македонија има во секторот „финансиски дејности и дејности на осигурувањето“ кој изнесува 695,297 денари.

Македонскиот државен завод за статистика нагласува дека првпат при обработката на податоците од истражувањето – Анкета за цената на трудот спроведено во 2017 за податоци за 2016 година е користен комбиниран метод  каде се користени податоци и од Управа за јавни приходи и од Централниот регистар. Но како стоиме во однос на остантите држави во регионот?

Според придонесите кои се плаќаат врз основа на бруто платата, Босна и Херцеговина е на првото место во регионот. 36{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од платата на вработените во БиХ отпаѓа на придонеси, веднаш зад нив се наоѓаат Словенците со 35{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}. Македонците се наоѓаат на четвртата позиција со 32{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

Од вкупниот износ на примања во Босна и Херцењговина 64{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} остануваат за вработениот, додека државата зема 36{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} поради високите доприноси за пензиско и здравствено осигурување.

Според најновите податоци Босна и Херцеговина се наоѓа на петото место во Европа позади: Белгија, Германија, Данска и Австрија.

Во Србија и Хрватска тој процент е нешто помал односно 28{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} и 26{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}  од вкупниот приход на вработениот. Најмалку се издвојува во Албанија 18{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} и во Косово 17{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

Кипар е земја каде што работниците плаќаат најмалку кон државата, тие издвојуваат само 7{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од својот приход.

Податоците во текстот погоре се превземени од Wikipedia која се повикува на извештаи од локални статистички агенции.

Во Македонија има предлог закон за зголемување на персоналниот данок во зависност од висината на платата која ја земаат вработените. Дали ќе помине предлог законот останува да видиме.

Моментално пресметката во Македонија се одвива по следната пресметка :

  • придонеси за задолжително ПИО 18{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}
  • придонеси за задолжително здравствено осигурување 7.3{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}
  • придонес за вработување 1.2{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}
  • Дополнителен придонес за задолжително осигурување во случај повреда или професионало заболување 0.5{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}
  • Персонален данок 10{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

(овие бројки не претставуват правилно отсликување за сите износи на плата бидјеки за различни висина на плата постојат различни одбитоци, подетални информации)

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: