Административни задачи во Британија - Bits of insurance

Административни задачи во Британија

Просечниот возрасен човек во Британија прави по 109 административни задачи секоја година според исражувањето објавено во Independent.

Експертите добиле до знаење дека огромен дел од времето на возрасните се троши на секојдневни административни работи како што е аплицирањето за автомобилско-осигурување, средување на банкарските сметки, плаќање на кредит и кредитни картички и тн.

Она што е алармантно во студијата е дека повеќе од половина од британците имале проблеми да се снајдат со “домашната задача” и честопати не успеваат да завршат се во посакуваниот рок.

Миленијалците во просек трошат 6 дена од одморот на административни задачи

Дополнително резултатите покажуваат дека во просек еден возрасен човек постојано има по 4 работни задачи кои што се во тек на извршување, треба да се звршат што побрзо, но не се наоѓа време за тоа.

Rob Alder, директорот за развој, на Association of Accounting Technicians (Асоцијацијата на сметководствени техничари – ААТ), која што ја нарачала студијата извршена на над 2,000 британци изјави: “Почетокот на годината може да биде одличен период за рефлексија на минатото и планирање на иднината. Ние не смееме да дозволиме планини од административни задачи да застанат на местото од нашите абмиции во 2018.”

Студијата исто така открила дека седум од 10 британци се сметаат себе си за организирани, иако сепак имаат многу незавршени административни задачи.

Секој втор британец посакува помалку папирологија при купувањето на нов дом.

Дваесет и пет проценти од испитаниците сметале дека стапнувањето на лудиот камен треба да е поедноставно во однос на документацијата.

Секој втор вработен одлучил да си ги врши домашните административни задачи додека бил на работно место.

Овие административни бирократии одземаат значајно време од британците. Време кое што тие би можеле да го искористат за да направат подобрувања во својот живот.

Скоро 60{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} би сакале да имаат подобри организациски способности за да можат да ги обавуваат секојдневните обврски.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: