Измама во животното осигурување - Bits of insurance

Измама во животното осигурување

Чешките осигурителни компании во моментот се соочуваат со илјадници жалби од несреќни купувачи на полиси за животно осигурување. Потрошувачите се попречени да донесат тужби поради чешките закони, но владата најави дека на ова поле ќе се случуваат промени.

Осигурителите велат дека биле измамени со ветувања за безбедност, заштеди и високи приходи и се жалат дека не биле информирани за високите надоместоци за продавачите и давачките што ги наплаќаат друштвата за осигурување. Во некои случаи индивидуалните загуби достигнуваат и над стотици илјади круни (над четири илјади евра).

Судовите и финансиските арбитри некои од случаите ги прогласија за несреќни. Jiri Chvojka претставник на медиумите од тужителите, воедно и еден од оштетените, тврди дека една судска одлука покренува прашање во врска со важењето на повеќе од 700,000 договори за осигурување.

“Во моментов има повеќе од 3,000 барања кои треба да бидат разгледани од арбитрите од различни клиенти и сите пресуди од финансиските арбитри во основа се слични бидејќи сите договори се исти”

Случајот истакна една значајна дупка во тековната чешка правна рамка: отсуство на правила кои им дозволуваат на потрошувачите да поттикнат групни акции.

Ваквите групни акции им овозможуваат на поединците да се групираат заедно и да се борат заеднички во случаите каде што веројатно би биле уплашени за преземање акции поединечно.

Во средата Чешкиот кабинет се огласи и соопшти дека ќе излезе со закон што ќе го отвори патот за групните дејствувања. Министерот за правда Роберт Пеликан ја објаснува причината за овој потег: “Оваа мерка треба да се справи со таканаречената дифузна штета. Јас ќе го објаснам ова на следниов начин: кога некој е измамен со измама од една милијарда круни, веројатно ќе се случи нешто, но кога 10 милиони луѓе ќе изгубат 100 круни и вкупната штета е иста ништо не може да се случи, бидејќи поединците не се подготвени да го губат своето време и да направат трошоци за покренување на судска постапка сами”

Кабинетската одлука е во принцип иста само што најверојатно ќе треба да се почека првиот квартал на 2019 година за законодавството да биде подготвено за парламентарните одобрувања.

Chvojka за крај додава “Дел од оштетените потрошувачи бараат да се донесе судска забрана за компаниите со кои се тужат да ги продаваат полисите кои се проблематични. Во моментов ова е една од ретките форми на групни акции според чешкиот закон во однос на осигурувањето. Да беа дозволени повеќе би било одлично.”

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: