Дожд од метеори, среќа во несреќа - Bits of insurance

Дожд од метеори, среќа во несреќа

Знаете дека годината не ви се погодила доколку за Бадникова вечер здогледате дупка во хаубата а воедно и ви е распарчен моторот од мал метеорит.

Освен тоа, кога властите сакаат да ги откупат деловите од метеоритот, вие нема да сте во можност затоа што сте го фрлиле метеоритот во знак на гнев и бес.

Подготвувајќи се за Божиќната ноќ, никој во Барвел-Англија не очекувал спектакуларности. Гледајќи во небото мештаните забележале како еден метеорит е влечен од гравитацијата и полека навлегува во атмосферата на земјата. Колку повеќе се доближувал, толку повеќе се намалувал, се до момент кога се распарчил на мали делчиња.

“Наеднаш половина дузина меторски парчиња почнаа да наближуваат. На почетокот изгледаше како ракети да има на небото” изјави Артур Кроу (Artur Crow), локален жител кој бил очевидец на природниот феномен. Не можете секој ден да видите метеорски дожд на небото, а камоли да врне долу на земјата.

Целиот метеорит беше на траекторија кон градот Лестер, но за среќа тој воглавно беше составен од камени фрагменти, шест милји високо над Лестер. Две огнени топки целосно се растворија, а третата се стори мали карпи кои паднаа во радиус од неколку километри.”

Некои од овие “мали” карпи завршиле веднаш до куќата на Артур Кроу (Arthur Crow), а некои преку прозорците внатре во неа.

“Добив парче карпа и брзо го спуштив, бидејќи беше уште жешко. Беше многу тешка и црна од едната страна од триењето во атмосферата” изјавува Кроу. Ова е најголемиот пад на метеори што бил забележан во Британија, воедно е и најдобро документираниот пад на метеори иако се случил во 1965.

Уште еден интересен случај се случил таа вечер, односно метеор “слетал” во тазе купениот Vauxhall Viva. Перси Ингланд (Percy England), сопственикот на автомобилот изјави “Најпрво помислив дека автомобилот е вандализиран од хулиганите.”. Меѓутоа изјавата била со причина, неговиот автомобил бил целосно осигуран од вандализам но не бил осигуран од “напад” на метеорит. Осигурителната компанија го нарекле настанот “Божјо дело” и одбила да плати оштета. По што Перси пошол во локалната црква и од свештеникот побарал да ја платат штетата. Тоа секако не се случило.

Откако во близина на падот на метеоритот беше пронајден поголем дел од истиот, Природнонаучниот музеј на Британија почнал да ги откупува сите метеори. За неколку месеци бил склопен 90{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од метеоритот, тогаш се појавиле и ловците на метеорити со што некои направиле и значителни добивки. Ова сепак не било случај со нашиот протагонист – Ингланд (England), бидејќи во лутина го фрлил метеоритот. Кога дознал за наградата веќе било предоцна.

Метеорити со ваква големина се продаваат и до $11,000. Понекогаш може да има и малку среќа при штетен настан, само треба да ја препознаеме, зар не?

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: