Индиски стартап финансиран со $22 милиони - Bits of insurance

Индиски стартап финансиран со $22 милиони

Coverfox, една од неколкуте компании чија цел е да го дигитализираат осигурувањето во Индија, има ново финансирање од страна на серијата C од 22 милиони долари, кои ќе бидат наменети со цел доближување до руралните делови на земјата.

Иницијацијата ја предводи IFC  сестринската организација на Светска банка и на американската осигурителна компанија Transamerika.

Со седиште во Мумбаи, Coverfox е дигитална платформа која ги колектира сите опции за осигурување. Моментално таа работи со 35 партнери за да понуди околу 150 пакети кои опфаќаат здравствени, автомобилски животни и патнички полиси во Индија. Денешната најава ја презема Coverfox, која е основана во 2014 година, со над 39 милиони долари од инвеститори.

Многу од подржувачите на Coverfox, ја финансираат дигитализацијата на компанијата Acko, која беше отворена од страна на ко-основачот на Coverfox – Varum Dua минатата година. Од Coverfox изјавуваат дека до сега не работеле со Acko и не планираат во блиска иднина да работат.

Coverfox е платформа која им нуди на осигурителните компании да имаат пристап до руралните средини во Индија, со тоа што компаниите си го зголемуваат буџетот и Coverfox си ја зголемува својата продажба.
Premanshu Singh, извршен директор на Coverfox, изјавува дека околу една четвртина од Coverfox се должи на Coverdrive, тоа не е целта која ја има компанијата тие сакаат да се фокусираат кон полисите за котација.
Coverfox сеуште не ги разгледува можностите во странство и покрај тоа што има голем обем на влезни барање додава Singh.
Доколку излеземе надвор тоа веројатно би било во партнерство со друга компанија или со франшиза.

Coverfox e платформа која би требало да се користи секаде во светот каде што има рурални средини, со тоа ќе им се помогне на осигурителните компании да ја зголемат својата понуда до сите независно каде живеат, макар тоа било на штета помала заработувачка бидејќи дел би земала платформата. Но, да се потсетиме на еден текст кој го објавивме за “оправданата провизија” која ја даваат осигурителните компании на посредниците и до колку таа може да достигне.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: