На исток нешто ново - Bits of insurance

На исток нешто ново

Брзото стареење во Јапонското општество е причина осигурителните компании да развијат нови осигурителни продукти за сопствениците на имот кои ги изнајмуваат своите станови на стари лица. Sompo Japan Nipponkoa Insurance Inc стартува со нов тип на полиси во јуни кои комбинираат осигурување од пожар и надоместок за осигурениците за трошоци потребни при смрт на наемниците кои немаат роднини блиски да ги преземат трошоците.

Новата полиса ќе ги покрива трошоците за сопствениците на домовите да ги исчистат и да ги обноват становите во кои претходно починало старо лице и да се справат со имотот и личните работи на починатиот. Ако не можат сопствениците да најдат нови наемници, сопственикот на имотот може да добие надоместок за покривање на загубата која што ја претрпел до една година.

Со плаќање на 22,500 јени што е 210 долари годишно, на осигурениците ќе им се овозможи да добијат и 2 милиони јени (околу 18,000 долари) за трошоците за одржување на домовите и загубата која ја трпат од не изнајмените домови.

Mitsui Sumitomo Insurance Co. и Aioi Nissay Dowa Insurance Cо.  заеднички развија и промовираа слична услуга во октомври 2015 година, а на крајот од февруари тие имаа вкупно 12.000 осигуреници.

 “Постои зголемена побарувачка кај сопствениците на домови за услугите за да им се помогне да се справат со неочекувани работи, заедно со стареењето на жителите.”, изјави претставникот на Mitsui Sumitomo.ветен дом.

Според канцеларијата на Токио за младински испитувачи, 3,175 лица на возраст од 65 години или постари кои живееле сами во централното подрачје умреле во 2016, тоа е за 1,300 случаи повеќе од минатата декада.

Јапонија е земјата која што има најмногу стари жители процентуално. Според порталот www.rferl.org 32{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од населението кое живеело во Јапонија во 2013 година имале над 60 години.

На глобално ниво популацијата старее, во 1990 година само 9.2{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} биле над 60 години а во 2013 година таа бројка се искачила на 11.7{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} и продолжува да расте. Во 2050 година се очекува бројката да дојде до 21.1{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} што преставува сериозен проблем за човечкиот опстанок за неколку стотици години.

И Македонија е меѓу земјите кои имаат растечка ставка на стареење на популацијата. Во 2013 година бројката изнесувала 17.8{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} на луѓе постари од 60 години а денес е доста поголема, една од причините е масовното иселување на младите од државата. Поради тоа институциите прават обиди за зголемување на свеста за потомство и апелираат за останување во државата.

Ова несомнено ќе донесе новитети во осигурувањето кај нас и на глобално ниво, какви ќе бидат тие останува да видиме.

 

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: