Пари насекаде, што би направиле? - Bits of insurance

Пари насекаде, што би направиле?

Во средата наутро над Индијаполис без да се направи облак и да врне се беше поплавено од пари кои летаа наоколу. Во моментите кога се тестира човечкиот морал, што е право а што не, задната врата на камионот за пренос на пари се отвори и 70 кеси за пренос на пари се разлетаа по патот.

Имаше отприлика 600,000 долари расфрлано според војниците кои беа на местото на настанот.

Дел од кесите кои испаднаа од камионот останаа неоштетени, но повеќето се искинаа и од сообраќајниот метеж се расфрлаа на сите страни. Апоени по $20 ги покрија тревниците во околина на патот и што донесе до можност да се собираат на купче како листови во есен.

Интересно прашање е што би направите вие доколку сте на место кај што ќе ви летаат пари над глава и околу вас ќе е се полно со апоени од $20.

Возачот на училишниот автобус знаеше што ќе стори, соопшти полицијата. Тој застанал на страна од патот, скокнал од возачкото седиште зграпчил пари, па продолжил да вози. Слично направиле и четворица мажи во бел пикап камион кои грабнале цела торба и потоа си отишле.

Jazmyne Danae го запре својот автомобил и почна да прикажува видео во живо на Фејсбук.

“Банкарскиот камион само ги испушти сите овие пари и луѓето излегоа”, рече Danae одејќи по патот покриено со апоени од 20 долари.

Во моменти на дождот од пари, локалните жители штом дознале почнале да трчаат и да прескокнуваат банкини за да дојдат до местото и да ги наполнат своите џебови со пари.

“Налик на филмската сцена, каде што имаш пари, многу пари што летаат низ целиот автопат, возила што запираат, луѓе излегуваат од своите автомобили”, CPL. Brock McCooe од Државната полиција на Индијана изјави за WXIN-TV.

За неколку минути, сè се заврши. Војници го блокираа сообраќајот на автопатот, им помогнаа на вработените на Бринк да соберат што останало од парите и ги предупреди луѓето дека ќе бидат уапсени ако присвоиле дел од парите.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: