Стажот меѓу Македонија и Косово ќе се регулира - Bits of insurance

Стажот меѓу Македонија и Косово ќе се регулира

Во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа работна средба меѓу претставници од Фондот на ПИОМ и Департманот за пензиска администрација на Косово.

Од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија присуствуваа г-дин. Шаип Зенели, В.Д. директорт, Илија Иваноски, заменик директор, Трајко Премчески, помошник директор на Секторот за остварување на правата од ПИО, Ајредин Амзаи, помошник директор на Секторот за финансиски прашања, Атанас Манчев, помошник директор на Секторот за информатика Филиз Мехмед, помошник директор на Секторот за човечки ресурси правни и општи работи и Ниѓар Тоска и Анифе Метај, советници на директорот. Делегацијата на Департманот за пензиска администрација на Косово беше претставена од г-дин. Бахри Џафери, директор на Департманот за пензии, Висар Фејзулаху, висок политички советник на министерот за труд и социјална политика на Република Косово, Изет Шала, раководител на Секторот за пензиска политика и Неџиване Мифтари, виш службеник за странски пензии.

На работниот состанок, двете страни информираа за системите за пензиско и инвалидско осигурување во двете земји, како и за промените во одредбите од оваа област, прашањата и проблемите поврзани со спроведувањето на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за утврдување на периодите на стаж за остварување на пензиското право, размена на информации за пензиските системи, имплементација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за утврдување на периодите на осигурување за остварување на правото на пензија, како и размена на електронски податоци, односно размена на потврдите за живот од страна на пензионерите два пати годишно по електронски пат.

За време на состанокот беше постигнат договор за размена на податоците по електронски пат, при што, се очекува целата постапка да заврши до 15 мај оваа година.

Двете страни беа исклучително задоволни од постигнатиот договор, со надеж дека тој ќе овозможи олеснување на остварувањето непрекината пензија за сите корисници на пензија.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: