Адриатик Словеника склучи партнерство со словенечкиот здравствен блокчеин стартап Ајрио. Мотивацијата за оваа соработка се клиентите, на кои ова треба да им овозможи подобар и посигурен пристап до сопствените здраствени податоци.
„Поради технолошкиот развој, здраствените услуги и здраственото осигурување е пред големи промени. Здраството во доменот на дигитализацијата заостанува зад другите индустрии, па затоа во нашето осигурително друштво сакаме да бидеме едни од водечките актери на позитивните промени, ако сакаме и да ги создадеме. Во таа насока, препознавме кај Ајрио соодветен партнер. Нашата визија е нашите пациенти да добијат подобро корисничко искуство во пристапот на здраствените услуги“, изјави Габријел Шкоф, претседател на Управата на Адриатик Словеника.
Адриатик Словеника е важен играч на пазарот на дополнително здраствено осигурување во Словенија и е првата осигурителна куќа во оваа земја која има своја сопствена здраствена клиника, Здравље Адриатиик Словеника.
Ајрио е основана од крањската технолошка компанија 3фс. Со блокчеин технологијата пациентот ќе има пристап и увид на неговиот здраствен картон, кој ќе биде регулиран по пат на апликација на неговиот мобилен телефон. Оваа компанија е ставена во листата на компании кои придонесуваат во одржливиот развој од страна на словенечката влада.
Превземено од osigurajse.net, автор Васко Кокаланов
Коментари