Услови за користење

Не читај услови за користење!

“На овците им е погодено. Ги хранат, ги шетаат ги шишаат. Уште да знаат дека тие се всушност производот”. Можеби не ги прочитале своите услови за користење? Можеби и да постоеа услови за живеење на овците ситуацијата ќе беше иста?

Згодно е кога брзо наоѓаме вести на Google search. Супер е кога бесплатно користиме оперативен систем на мобилниот телефон, кога имаме бесплатен email или имаме бесплатна социјални мрежа на кои што можеме да поставиме бесконечно многу фотографии, податоци и лични комуникации. Кој го плаќа неограничениот простор што го добиваме? Секако ние, но која цена ја плаќаме кога се согласуваме на секакви услови за користење и стануваме производот?

Техонолошките гиганти Google и Facebook воглавно прават приходи од крајните корисници. Неодамна во скандалот Cambridge Analytica видовме дека нашите податоци не се толку сигурни.

Просечен корисник на својот смартфон има инсталирано 75 апликации што значи исто толку пати се согласил на условите на користење на изработувачите на тие апликации. Критичарите на политиките на мобилните апликации тврдат дека правните служби намерно ги комплицираат условите кои што им ги даваат на корисниците за да бидат долги и со тоа да го намалат бројот на луѓе кои што ги читаат. За да користиме iTunes треба да прочитаме 20,000 зборови. Тоа за просечен читач кој што чита 200 зборови во минута значи над час и половина читање. Секако постои ризикот дека корисникот нема да ги разбере комплицираните термини кои што се испишани.

Знаевте ли дека Amazon и Facebook ве следат кога посетувате други страници? Можеби знаевте дека Google, Imgur и Yahoo имаат пристап до вашиот отпечаток? Имавте ли информација дека однапред се откажувате на правото за тужење на Instagram во групна постапка? Кога го поставивте вашиот продукт на Github знаевте ли дека имаат право во било кој момент да ја избришат вашата сметка и сите податоци на неа? Или дека Google има право да собере сѐ од вашиот хард диск? Дека податоците кои што ги споделувате со Google тие ќе ги користат за нивните идни продукти? Дека никогаш не смеете да објавувате негативни ставови во врска со Skype? Ве заболе ли главата од овие услови за користење?

Ситуацијата ескалира во 2017 кога човештвото во една година произведува повеќе податоци отколку во претходните 5000 години заедно. Facebook уште во 2014 генерираше над 4 петабајти податоци секој ден. За споредба најголемата библиотека во светот – Конгресната во Вашингтон има собрано 235 терабајти податоци. Што значи Facebook уште во 2014та година на дневно ниво генерира 20 пати повеќе податоци отколку најголемата библиотека. Доколку пак нѐ интересира колку чини да се чуваат 4 петабајти податоци можеме да ѕирнеме на Amazon кој пак ни вели $ 120,000 месечно. Значи податоците кои што се генерираат секој ден Facebook го чинат дополнителни $120,000 секој следен месец.

Чекор кон подобрување на правата на корисниците и капка надеж ни носи регулативата на Европската Унија за заштита на правата на граѓаните со GDPR. Сепак GDPR ги ограничува компаниите да не смеат да прибираат наши податоци без да дадеме согласност, но не го таргетира вистинскиот проблем – давањето на согласност на секакви услови за користење.

Делиоте прави истражување во кое над 97{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од младите од 18 до 34 години се согласуваат на секакви услови за користење без да ги прочитаат. За среќа во несреќа ја имаме https://tosdr.org/ – веб страница која ги чита условите и ни дава кратка верзија од истите.

Што мислите вие? Можеби условите треба да бидат напишани во текст не подолг од 200 зборови и да бидат напишани на јазик разбирлив за основец. Ајде да се активираме и да зборуваме за ова гласно!

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: