Уште една казна за нелегалниот попуст - Bits of insurance

Уште една казна за нелегалниот попуст

Агенцијата за осигурување на Република Српска( АЗОРС), поради давање на нелегален попуст за осигурување од автоодговорност изрече казна на SAS SuperP осигурување од Бијелјине. Казната е привремена и е забрана за издавање полиси за автоодговорност на подрачје на Бања Лука во период од 8-ми мај до 7-ми јуни 2018 година.

Агенцијата ги информира граѓаните на Р. Српска дека на територија на Банја ЛУка полисите склучени со SAS SuperP осигурување нема да се валидни во наведениот рок и нема да претставуваат валиден доказ во случај на незгода.

Од агенцијата појаснуваат дека мерката за забрана на издавање на полиси се однесува само за услугата за осигурување на моторни возила (осигурување од автоодговорност) и не се однесува на можност за склучување полиси од другите врсти на осигурување.

Да ве потсетиме пред неколку дена забрана за издавање на осигурување од автоодговорност во Р.Српска добија Сарајево и Адриатик осигурителните друштва.

Дали ова е добар старт за уништување на нелегалниот попуст давам од осигурителните компании останува да видиме.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: