Побрзајте да ги смените книжните банкноти до 15ти мај - Bits of insurance

Побрзајте да ги смените книжните банкноти до 15ти мај

Од 15 мај 2018 година, се повлекуваат од оптек книжните банкноти од апоенска вредност 10 и 50 денари, односно веќе нема да бидат законско средство за плаќање. Сите кои што ги поседуваат овие банкноти треба да побрзаат да ги сменат. Во исто време влегуваат во оптек првите полимерни пари на Република Македонија, во апоенска вредност од 10 и 50 денари. Тимот на bitsofinsurance.com подготви прототип на новите полимерни банкноти и утре ќе видиме дали новата паричница ќе биде слична на нашиот предлог:

банкнота 5 долари Македонија

Од народната банка најавуваат и нова монета – дводенарка за што пишувавме скоро.

Основната разлика помеѓу полимерните и книжните пари коишто се повлекуваат од оптек е токму материјалот којшто се користи како подлога за печатење ‒ хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјален издржлив матерјал.

 

Новите полимерни банкноти се поиздржливи од хартиените за 2,5 до 4 пати од оној на парите изработени од хартијата. Вакви пластифицирани банкноти досега има во Англија 5 и 10 фунти во Унгарија како и во Австралија и Канада.

Од 15 мај годинава до 15 мај 2019 година, книжните банкноти ќе можат да ја извршат замената во деловните банки во Република Македонија. По 15 мај следната година, замената ќе може да се изврши исклучиво во Народната банка.

Од утре вашите новчаници ќе бидат запознаени со новите банкноти, се надеваме металните монети послабо ќе се користат и животниот век на нашите новчаници ќе се продолжи.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: